Фармацевти
Контакт

<< Назад

Две лесни и здрави вечери, кои се готват за многу кратко време

мај 16, 2023



ПИЛЕШКО СО ЛИМОН И БРОКУЛА:

СЕРВИРАЊА: 2 ЛИЦА | ПОДГОТОВКА: 10 МИН. | ГОТВЕЊЕ: 5 МИН. | СОСТОЈКИ: 10 | ТЕШКОТИЈА: 1.5/5

СОСТОЈКИ:
• 1 лажиче пченкарно брашно
• 1 лажиче темен соја-сос
• ситно рендана кора и сок од 1/2 мал лимон
• 2 лажички кокосово или канола-масло
• 1 филе пилешки гради без кожа (околу 150 гр), исечкано на парчиња од 1,5 см
• 1 пиперка, исечкана и исчистена од семките
• 1 среден морков, излупен и ситно исечкан
• 100 гр брокула исечкана на мали цветчиња
• 150 мл пилешка супа (направена со 1/2 пилешка коцка за супа
• 4 исечкани млади кромитчиња

ПОДГОТОВКА:
Во помал сад измешајте го пченкарното брашно со соја-сосот и сокот од лимон. Загрејте го маслото во голема или во вок-тава на силен оган, додајте ги пилешкото месо, пиперката, морковот и брокулата и пржете 2-3 минути или додека пилешкото малку не зарумени и зеленчукот не почне да омекнува. Во тавата се истура смесата од лимон и соја, се додаваат пилешката супа и младиот кромид и се остава да се динстува. Намалете ја топлината и варете 2 минути или додека сосот малку не се згусне и пилешкото не се свари, со редовно мешање. Посипете со рендана кора од лимон и послужете со ориз.

ТЕСТЕНИНИ СО РАКЧИЊА И СПАНАЌ И МАСЛО ОД РАКЧИЊА:

СЕРВИРАЊА: 4 ЛИЦА | ПОДГОТОВКА: 10 МИН. | ГОТВЕЊЕ: 45 МИН. | СОСТОЈКИ: 16 | ТЕШКОТИЈА: 3/5

СОСТОЈКИ:
• 400 гр тенки тестенини (шпагети)
• 1 кг ракчиња, излупени и исчистени (лушпите од ракчињата зачувајте ги)
• 250 гр преполовени шери-домати
• 100 гр листови бебе-спанаќ • ситен босилек

МАСЛО ОД РАКЧИЊА:
• 1 чаша (250 мл) маслиново масло
• 5 гранчиња мајчина душица
• 4 чешниња лук, згмечени
• 1 морков и 1 кромид, грубо исечкани
• 1 целер, грубо исечкан
• 2 ловорови листа
• 1 лажиче семе од анасон и коријандер
• 1 лажица доматно пире
• малку магдонос
• малку босилек
• 1 лажичка зачин од црвена пиперка

ПОДГОТОВКА:
1. За маслото од ракчиња, загрејте 1/2 чаша (125 мл) масло во големо тенџере на силен оган. Додајте ги лушпите од ракчињата, лисовите мајчина душица, лук, зеленчук, ловоровите листови и семките од анасон и коријандер. Гответе мешајќи 5-6 минути додека лушпите не станат крцкави и суви. Додајте го доматното пире и варете мешајќи 2-3 минути додека малку не потемни и не се карамелизира. Додајте ги магдоносот, босилекот и пиперката и измешајте да се соедини. Додајте ја преостанатата ½ чаша (125 мл) масло.

Намалете ја топлината на минимум и варете мешајќи повремено 15 минути или додека не се впие вкусот. Се трга од оган и се остава да стои уште 15 минути. Процедете го маслото низ сито притискајќи ги лушпите за да извлечете што повеќе масло. Отфрлете ги цврстите материи и оставете ги на страна.

2. Гответе ги тестенините во големо тенџере со зовриена солена вода според упатствата на пакувањето. Исцедете. Во меѓувреме, загрејте 2 лажици масло од ракчиња во голема тава на средновисок оган. Додајте ги ракчињата и варете мешајќи 2-3 минути додека не се сварат. Додајте домат и спанаќ и варете уште 1 минута или додека доматот не се загрее и спанаќот не се исуши. Додајте исцедени тестенини во тавата со масло од ракчиња. Зачинете и промешајте да се соединат. Поделете ги чиниите за сервирање и одозгора посипете со босилек.

За детално читање на овој текст, погледнете на 30-31 стр. во електронското издание на BETTY магазин (Април 2023).

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>