Пишува: Д-р Јован Ангелов, специјалист по ОРЛ, ЈЗУ Општа болница - Гевгелија
Искуството со употреба на антибиотици и ксилометазолин датира од поодамна, но и денес го задржува приматот како докажан во секојдневната практика, и тоа најчесто при третман на горнореспираторните инфекции (ГРИ).
Долгогодишното искуство
резултира со изразито позитивен ефект при третманот на горнореспираторните инфекции (ГРИ) во голем број од случаите.
ГРИ се најчеста состојба поради која пациентите се јавуваат на предглед и бараат лекарска помош во одделот за ОРЛ. Бидејќи носот и носната шуплина се почетните делови на респираторниот тракт (РТ), имаат многу важна улога во загревањето на воздухот, навлажнувањето и ослободувањето на туѓите честички и прашината, така што во долните респираторни патишта воздухот доаѓа припремен и без штетни состојќи.
На носната шуплина анатомски се придодадени и параназалните синуси (ПНС), а тие со другите анатомски шуплини се во сооднос со горниот дел од грлото (епифаринкс): орофаринкс, хипофаринкс, ларинкс (грклан), каде што се наоѓа и границата помеѓу ГР и ДР-тракт, а тоа е римаглотис од гркланот.
Во горниот надворешен дел обострано во епифаринксот се наоѓа внатрешниот дел од отворот на Евстахиевата труба, која е тесно поврзана со тимпаналната шуплина од средното уво.
Таа целина е во сооднос и со други придружни структури и содржини (крвни садови, нер- вни влакна, лимфни садови и др.) и може да биде подложна на инфекции и други патолошки состојби. Но, ГРИ се најчеста патологија во секојдневната практика.
Се јавуваат кај сите старосни групи како акутни или хронични воспалителни процеси:
риносинуситис, тонзилофарингитис, ларингитис, отитис, лабиринтитис итн..
Следени со отежнато дишење преку носот, главоболки, пред сè, во пределот на ПНС, кашлица, секрет од носот, понекогаш со изразита темература, болки во грлото, засипнатост, болки во увото, со намален слух, вртоглавици (лабиринтитис) итн..
Најчесто, а во зависност од клиничките индикации, терапијата се користи како еднократен третман, но не ретко и како двократна терапија од неколку дена имајќи ги предвид возраста, клиничката слика и тежината на болеста, и тоа најчесто по првата контрола од една недела. Иако најдобрата претпоставка или емпириска терапија почнува пред да се добијат резултати од лабораториски анализи, може да се каже дека раната администрација на лекот влијае исклучително позитивно, и тоа, пред сѐ, кај:
- акутен тонзилофарингитис;
- акутен ларингитис;
- акутен синуситис;
- акутен отититс медија;
- акутни егзацербации на хронични процеси.
Во практиката третирањето на ГРИ се почнува со еднократна тридневна терапија со антибиотик, често и со двократна терапија од шест дена, што зависи од клиничката слика и од тежината на болеста.
Искуството со антибиотик, деконгестиви и секретолитици покажува дека пациентите многу добро ја поднесуваат терапијата и дека ретко се јавуваат несакани ефекти.
Несаканите ефекти најчесто егзистираат како мачнина, ретко болки и грчеви во стомакот, повраќање, дијареја, сув нос (кај пациенти што подолго од предвиденото го користеле
ксилометазолинот). Статистичкиот приказ на пациенти со ГРИ во времетраење од три месеци (јуни, јули и август) ни покажува:
- Третирани пациенти со ГРИ по дијагноза:
40 % отитис медија;
30 % тонзилофарингитис и ларингитис;
30 % синуситис (акутни егзацербации на хронични процеси).
- Третирани пациенти со ГРИ по возраст:
40 % од 7 до 18 години;
30 % од 19 до 65 години;
20 % до 6 години;
10 % над 65 години.
Од севкупното искуство при третман на ГРИ со антибиотик и деконгестиви (кога тоа е оправдано) се гледаат изразито позитивни ефекти, едноставна примена на терапијата, мал број лесни форми на несакани ефекти, краткотраен третман и сигурна победа над болеста.
За детално читање на овој текст, погледнете на 08-09 стр. во електронското издание на BETTY магазин (Јуни 2023).