Пишува: Д-р Спец. Ангелчо Андоновски - Педијатар
Додека детето е мало, но и во текот на неговото растење, родителите особено внимаваат на грижата и грижата за здравјето на детето. Секој родител барем еднаш помислил: „Како можеме да бидеме сигурни дека нашето бебе е здраво и правилно се развива?
Која храна и витамини му се потребни на детето за да биде силно и здраво и правилно да се развива? Дали треба да се користат Омега-3 масните киселини и како тие влијаат на растот и развојот на детето? Тоа се прашањата кои го засегаат секој родител, а ние накратко ќе дадеме правилен совет и насока како понатаму и зошто токму овие киселини се потребни на детето.
Штом се роди бебето, продолжува интензивно да расте и да се развива.
За да бебето ги достигне сите очекувани параметри на месечниот развој во првата година, па дури и подоцна, до училишната возраст, важно е родителите да знаат дека во периодот кога се уште се мали, децата треба да ги внесуваат сите потребни хранливи материи.
Долгорочниот развој и раст на детето, како и правилниот развој на мозокот, менталните и когнитивните вештини на децата, зависи од редовното снабдување со ООмега-3 масни киселини. Недоволно и несоодветно внесување на Омега-3 масните киселини може да доведе до лоши резултати на тестовите за ментални и моторни вештини, со посебен акцент на нарушување на дефицитот на внимание, побавен физиолошки развој и слаб имунолошки одговор на телото.
Пред повеќе од половина век, кога растеа нашите баби и дедовци, идеалниот сооднос на Омега-3 и омега 6 масните киселини беше 1:1. Со текот на времето, поради модерниот начин на живот и промените во исхраната, тоа се промени, така што денес посакуваниот сооднос би бил до 1:4, а всушност е околу 1:20 во корист на омега 6 масните киселини, бидејќи се користи повеќе преку сончогледовото, но и пченкарното и лененото масло.
Недостатокот на Омега-3 во еритроцитите доведува до разни нарушувања кај децата како што се дебелина, алергии, егзема. Како момент ќе го издвоиме посебно одличниот учинок во конгинитивните функции кај децата, Омега-3 масните киселини тука имаат огормен учинок за правилен развој на тие функции , што означува брза комуникација на двете мозочни хемисфери, а со тоа и брза и олеснета функција на самиот мозок.
Урамнотежениот сооднос на Омега 6 и ООмега-3 масните киселини влијае и на превенција од некои болести како што се дијабетес, кардиоваскуларни заболувања и развој на мултиплекс склероза. Тој урамнотежен сооднос влијае на развојот на нервниот систем воопшто, и на функциите како концентрација, внимание, фокусот и т.н.
Се смета дека имаат антиинфламаторно дејство и се тесно поврзани со антиоксиданси како витамин Е и Селен. Самите родители може да забележат кога на телото на нивното дете му недостасуваат Омега-3 масни киселини. Симптомите се манифестираат преку екстремен замор, слаба меморија, сува кожа, проблеми со срцето и промени во расположението.
Под хранливи материи или „пријателите“ на мозокот вклучуваат: Омега-3 масни киселини, особено докосахексаеноична киселина (DHA), омега 6, арахидонска киселина (АА).
Сеопфатните научни анализи покажаа дека DHA, природно присутен во рибиното масло, позитивно влијае на психолошките способности. Научниците тврдат дека објавените студии даваат доволно убедливи и валидни докази дека намалената концентрација на DHA во мозокот е поврзана со лошите резултати на психолошките и бихејвиоралните тестови.
Покрај развојот на психолошките способности, консумирањето на овие полинезаситени Омега-3 масни киселини во најраната возраст од животот обезбедува подобар развој на видот.
Мозокот расте со најголема брзина од раѓање до околу 2 години, иако развојот продолжува во текот на детството и адолесценцијата. Над 60% од мозокот е составен од масти, а Омега-3 масната киселина DHA (докосахексаеноична киселина) сочинува околу 10-15% од тоа. DHA е неопходен за развој на сензорни, перцептивни, когнитивни и моторни нервни (нервни) системи за време на изливот на раст на мозокот. Се смета дека деловите од мозокот богати со DHA се одговорни за активности како што се планирање, решавање проблеми и фокусирано внимание.
Како еден вид на заклучок на крајот од овој не толку краток совет и опис во врска со Омега-3 масните киселини можам да кажам дека и тоа не е СЕ. Постојат уште многу истражувања кои ни укажуваат на важноста инеопходноста од користењето на Омега-3 масните киселини кај децата. Ќе кажам дека ги има во секаква суплементативна форма и дека не се само потребни кај децата туку и кај возрасните, но за да имаме здрава иднина мора и така здраво да ја градиме преку здрав, правилен раст и развој на нашите деца кои се нашата иднина.
Секако дека во иднина ќе одговориме на сите можни поставени прашања и ќе сме секогаш тука за добар и корисен совет и помош. Се надевам дека овој вид на прирачник РАЗВОЈНА ПАТЕКА КАЈ ДЕЦАТА ќе е толку корисен токму поради својата содржина и токму поради сите научни факти кои се наведени во него за да ние сите водиме една вистинска грижа за нашата иднина а тоа се децата.
За детално читање на овој текст, погледнете на 20-21 стр. во електронското издание на BETTY магазин (Јуни 2023).