Фармацевти
Контакт

<< Назад

Шејк за замена на оброк

јуни 1, 2023



Пишува: Ивана Димишкова - Д-р по Дентална Медицина

Шејковите за замена на оброци станаа популарни во последната деценија, а лесно е да се види и зошто: тие се подготвуваат лесно и брзо особено кога сте во трка со времето. Можат да бидат достапни во различни форми, или како претходно измешан готов пијалок или како формула во прав што ја мешате со млеко и вода. Шејк оброците вообичаено имаат 200 – 400 калории, како и доволно количество протеини, влакна и витамини и минерали.

Шејковите како заменски оброци се прилично ефикасен начин да имате здрав, нискокалоричен оброк во движење. Луѓето пијат шејкови за замена на оброци од различни причини – за губење на телесна тежина, зголемување на телесната тежина, за зголемување на внесот на хранливи материи кога се во трка со времето. Содржаните протеини од растително и животинско потекло придонесуваат во одржување на мускулната маса и коските. Нивната содржина и профилите на хранливи материи, од друга страна, може значително да се разликуваат, со различни пропорции на протеини, јаглехидрати и масти.

ПРИДОБИВКИТЕ ОД ШЕЈКОВИТЕ ЗА ЗАМЕНА НА ОБРОЦИ
*можат да ви помогнат да избегнете нездрави оброци – може да ви помогнат да се изборите со искушението да јадете нездрави пакувани оброци, кои покрај тоа што немаат витални хранливи материи, повеќето се богати со шеќер, преработени јаглехидрати и вештачки адитиви.

* обезбедуваат основни хранливи материи – шејковите се збогатени со хранливи материи, што може да ви помогне да ги задоволите потребите за хранливи материи додека го намалувате внесот на калории. Протеини, влакна и важни витамини и минерали се наоѓаат во најдобрите шејкови за замена на оброци. *содржат високи нивоа на протеини

Најдобрите шејкови за замена на оброци би требало да ги исполнува следните критериуми:
- Секоја порција да нема повеќе од 400 калории
- Секоја порција содржи најмалку 15g протеин
- По порција , треба да има најмалку 3g влакна
- Витамините и минералите мора да сочинуваат најмалку 33% од дневна вредност
- Протеинот од сурутка е корисна состојка која се полажала дека ја зголемува ситоста

Шејковите за замена на оброк обезбедуваат добра рамнотежа на макронутриенти (протеини) и микронутриенти (витамини и минерали) кои му се потребни на вашето тело. Шејковите како заменски оброци може да се комбинираат со различно овошје или зеленчук. Изберете добар шејк за замена на оброк со висока содржина на протеини, минимално количество на шеќери и вештачки адитиви.

За детално читање на овој текст, погледнете на 30 стр. во електронското издание на BETTY магазин (Јуни 2023).

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>