Пишува: Д-р Бојана Стефановиќ, Доктор по стоматологија - Специјалист по стоматолошка протетика. ПЗУ Оптимум Дентал, Скопје.
Со стареењето човекот се соочува со процесот на постепена или нагла загуба на забите, што во голема мера го афектира квалитетот на животот. Тоталната беззабост доведува до нарушување на функцијата на џвакање, голтање и говор, а исто така се менува и лицевата физиономија, односно се добива поизразен старечки изглед.
Стоматолошката наука уште од првата половина на 20-тиот век , со појавата на првите акрилатни тотални протези, се обидува да понуди различни решенија се со една единствена цел – најкомпатибилен тип на протеза за дадениот пациент.
Класичните акрилатни проте- зи се едни од најраспростра- нетите протетски помагала во нашето секојдневие, во голема мера бидејќи се економски најисплатливи.
Но, реалноста е дека нe секој пациент е во можност да ги носи и истите може да предизвикуваат одредени потешкотии.
Главниот проблем кој се јавува кај нив, потекнува од помалку или повеќе изразената под- вижност (мобилност), во миру- вање и во функција.
Губењето на забите, низ годините е проследено и со атрофични промени на виличната коска, односно коскена загуба, што во основа значи губење на потпората за идните протези и нивна отежната ретенција (држење).
Изработените протези во такви услови, со својата мобилност може да предизвикаат:
• Дискомфорт и отежнато хранење ,
• Нарушена артикулација на гласови,
• Иритација и декубитуси на оралната слузокожа,
• Чувство на гадење и повраќање,
• Психолошки и социјални промени кај личноста: појава на чувство на страв и срам од потенцијалното испаѓање на протезата од устата и избегнување на социјални контакти.
Со појавата на денталните импланти, се отворија нови можности за ваквите пациенти и се дојде до решение за проблематиката со ретенција- та и стабилноста на акрилатните протези.
Така, кај пациентите кај кои нема услови за добра ретенција и стабилност на протезите, тоа може да се постигне со постава на дентални импланти во виличните коски.
Вообичаено, за да може успешно да се стабилизира акрилатната протеза во дол- ната вилица се потребни најмалку 2 импланти, а во горната најмалку 4, за што одлучува орален хирург – имплантолог, по претходна анализа на 3Д снимка од вилиците и креирање на индивидуален план за број, позиција и димензија на импланти.
Процедурата на постава на денталните импланти е безболна, се одвива под локална анестезија и за искусен имплантолог кој претходно направил добро планирање претставува рутинска интервенција. На вака поставените импланти, по препорачан период од 3-6 месеци (период на осеоинтеграција) се изра- ботуваат протезите, кои со различен тип на атечмени (локатор или бар) се поврзу- ваат со имплантите и паци- ентот лесно и во секое вре- ме самиот може да ги извади од устата.
Предностите на имплантно носените мобилни протези во однос на класичните се следните :
- Помала коскена загуба во текот на времето во однос на класичните протези бидејќи постоењето на импланти кои примаат џвакопритисок претставува стимулус за виличните коски.
- Подобрена џвакална функ- ција заради стабилноста на протезите и потенцијалот за развивање на поголем џвакопритисок, така што пациентот може да јаде секаков вид на храна без потешкотии.
- Нема потреба од употреба на атхезиви (лепак) за протези.
- Поголема сатисфакција на пациентите заради подобрената функција, естетика, самодоверба и целокупниот квалитет на живот.
Зошто кога веќе се поставу- ваат импланти, не се изра- боти фиксна протетска кон- струкција, која не се вади од устата и овозможува пого- лем комфор и естетика?
Ова прашање логично би се наметнало при решавањето на тоталната беззабост.
Оправданоста во изборот на мобилно решение е дека за фиксна конструкција се потребни најмалку 4 импланти во секоја од вилиците (all on 4 конструкции), а често ситуацијата наложува постава и на повеќе од 4 импланти , што пак зависи од повеќе фактори.Така, ваквите изработки имаат висока цена на чинење и честопати се недостапни за пациентите од финансиски аспект, ако се споредат со мобилните акрилатни протези на импланти.
Понатаму, анатомоските услови на вилиците може да бидат лимитирачки фактор и не секогаш дозволуваат постава на повеќе импланти , посебно во непосредна близина на нерви,крвни садови или синусот на горната вилица.
Врз основа на објективни наоди како и субјективни искази на пациентите, е дојдено до заклучокот дека имплантно носените мобилни протези се многу подобра тераписка опција за беззабите вилици од класичните протези и квалитетот на живот со нив е речиси подеднакво добар како и со комплексни, фиксни протетски конструкции на импланти.
Она што им се напоменува на пациентите за ваквите изработки ,е дека нивна одговорност е доброто одржување на оралната хигиена и хигиената на протезите , исто како и при носењето на класични протези.
На крајот, битно е секој пациент добро да биде информиран за предностите и недостатоците од секое понудено решение и терапискиот пристап да биде индивидуален, земајќи ги во предвид неговите потреби и можности и врз основа на сите добиени податоци да се формира терапискиот протокол кој ќе биде најсоодветен за него.На тој начин се доаѓа до долгорочен успех и обострана сатисфакција и на пациентот и на докторот.
За детално читање на овој текст, погледнете на 22-23 стр. во електронското издание на BETTY магазин (Септември 2023).