Фармацевти
Контакт

<< Назад

Кои суплементи се неопходни во текот на бременоста?

февруари 1, 2024



Пишува: Мр. Фарм Билјана Божиновска Дупјачанец

Пренатални витамини се мултивитамини наменети за бремени жени или жени кои планираат бременост.

Споредено со конвенционалните мултивитамини, тие содржат повеќе од некои нутриенти кои се потребни во бременоста.
Пренаталните витамини може да се препишани од страна на вашиот доктор и треба да се земаат секој ден во текот на бременоста. Доколку планирате да останете бремена, може да почнете со земање пренатални витамини пред да останете бремена.

Во текот на бременоста, бебето ги зема сите потребни витамини, минерали и нутриенти од мајката, па затоа потребите за витамини, минерали и останати нутриенти растат во текот на бременоста.
Пренаталните витамини содржат точна количина на нутриенти кои се потребни во бременоста.

Кои витамини и минерали се најважни во текот на бременоста?
Иако сите витамини и минера- ли се важни, овие 5 играат клучна улога кај бебешкиот раст и развој во бременоста:
• Фолна киселина
• Железо
• Калциум
• Витамин Д
• Јод

Фолна киселина
Особено битен од суплементи- те е фолната киселина. Таа е битна за развојот на нервниот систем кај фетусот и заштита на невралната туба.
Превенира дефекти на неврал- ната туба, сериозни дефекти при раѓање како Spina Bifida и енцефалопатии. Притоа, особе- но внимание треба да се обрне на суплементи кои имаат активен облик на фолна киселина.

Разликата меѓу фолна киселина и активен облик на фолна кисе- лина, е дека активниот облик на фолна киселина нема потреба од ензими за конвертирање во активен облик.

Бројни студии покажаа дека еден голем дел од пациентите (околу 40-50%) имаат дефицит на тој ензим потребен за кон- верзија. Кај тие пациенти вне- сувањето на фолната киселина е без ефект бидејки го немаат потребниот конвертирачки ензим.

Дневните препораки за внес на активен облик на фолна киселина се 400 микрограми.
За жените кои планираат бременост потребно е и да се внесува 400-800 микрограми на ден.

Железо
Железото е минерал кој нашето тело го користи да создаде хемоглобин, протеин кој помага во пренесувањето кислород од белите дробови до остатокот од телото. Потребите за железо во бременост двократно се зголемуваат.

Железото му е потребно на организмот, за да ги задоволи зголемените потреби на кисло- род во текот на бременоста, а исто така железото е потребно при формирањето хемоглобин кај детето.

Железото може да се внесе и преку исхрана. Храна која содржи високи количини на железо вклучува:
• Посно месо и морски плодови
• Житарици, леб и тестенини кои се збогатени со железо
• Лиснат зелен зеленчук
• Мешунки, семиња, јаткасти плодови и суво овошје

Храна која содржи витамин Ц може да ја зголеми апсорпцијата на железо во организмот. Затоа добра идеја е да се зема храна како сок од портокал, домати, јагоди и грејпфрут секој ден. Дефицитот на железо во бременоста може да придонесе до зголемена подложност на инфекции, анемија, вртоглавици, замор, предвремено породување и ниска телесна тежина при породување.

Калциум
Калциумот е минерал кој помага во правилен развој на коските, забите, срцето, мускулите и нервите кај бебето. Калциумот може да се внесе со храна или земање на пренатални витамини кои содржат калциум.

Добри извори на калциум вклучуваат:
• Млеко, сирење и јогурт
• Брокули и кељ
• Сок од портокал збогатен со калциум

Доколку постои дефицит на калциум при бременоста, тоа може да довери до одредени здравствени проблеми, како остеопороза подоцна во животот. Остеопорозата се поврзува со зголемен ризик од фрактури и скршеници кај мајката.

Витамин Д
Витамин Д помага во вградување на калциум во коските и треба да се употребува во облик на препарати ако бременоста се одвива во зимските месеци, бидејќи синтезата на витамин Д е зависна од сончевото влијание на кожата.
Кога кожата е помалку изложе- на на сонце, се создава помалку витамин Д. Некои добри при- родни извори на витамин Д вклучуваат некои помрсни риби, како лосос и млеко и житарици.

Јод
Јодот придонесува во нормал- ното производство на хормони- те на штитната жлезда и нормал- на функција на штитната жлезда. Најважна улога на тироксинот и тријодтиронинот е создавање и развој на мозокот и нервните структури. Мозокот на бебето почнува да се формира пред формирањето на штитната жлезда на бебето, што значи дека во самиот почеток бебето е потполно зависно од хормоните кои преку постелката се доби- ваат од мајката. Создавање на невронската мрежа почнува во првите седмици од развојот на фетусот, а за тоа јодот е најваж- ниот прехрамбен извор. Колку е поразгранета невронската мре- жа, поголема е искористливоста на мозокот, а со тоа и подобро е памтењето, концентрацијата и учењето.

За детално читање на овој текст, погледнете на 08-09 стр. во електронското издание на BETTY магазин (Февруари 2024).

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>