Фармацевти
Контакт

<< Назад

МОЕ ЗДРАВЈЕ, МОЕ ПРАВО!

април 1, 2024



СВЕТСКИ ДЕН НА ЗДРАВЈЕТО - 7 АПРИЛ!
Пишува: Тања Величковска - Доктор по општа медицина

Светскиот ден на здравјето се одбележува на 7 април секоја година. Овој ден е посветен на поттикнување на свеста за значењето на здравјето и поддршка на здравствените иницијативи ширум светот. Но овој ден Светската здравствена организација (СЗО) обично се фокусира на различни здравствени теми, промовирајќи здравје и борејќи се со здравствените предизвици ширум светот.

Секоја година темата за Светскиот ден на здравјето може да биде различна, во зависност од тековните предизвици и приоритети во областа на јавното здравје. Некои од претходните теми вклучуваат ментално здравје, здравствена покриеност, храна и безбедност на исхраната, превенција од заразни болести, итн. Овој ден исто така се користи за подигнување на свеста, образование и активизам за подобрување на здравјето на луѓето низ целиот свет.

Овогодишната тема која ја обработува СЗО по повод Светскиот ден на здравјето го става фокусот на универзалната здравствена покриеност, обезбедување пристап и достапност на сите индивидуи и заедници до здравствените институции кои им се потребни, без да имааат и трпат финансиски потешкотии.
Оваа година се апелира на глобален напор за премостување и надминување на сите аномалии во здравствениот систем, со цел да се дојде до рамноправност, еднаков пристап и квалитет за секоја индивидуа во однос на користењето на здравствените услуги.

Цели на Светскиот ден на здравјето 2024 година:
- Заложба за универзална здравствена покриеност: акцент на потребата за достапна, прифатлива и квалитетна здравствена грижа за секого и секаде;
- Промовирање здравствена еднаквост: лоцирање на нееднаквостите во достапноста на здравствениот систем и последиците од истиот проблем, особено кога се во прашање социјално најранливите и маргинализираните индивидуи;
- Поттикнување на здрав начин на живот: подигање и негување на свеста за значењето на здравиот начин на живот, со цел да се превенираат болестите и да се подобри квалитетот на секојдневното живеење;
- Зајакнување на здравствените системи: поддршка на развојот на прилагодливоста и адаптибилноста на здравствените системи во однос на нивната способност брзо да одговорат на глобалните предизвици кои ги носи секојдневието;

Да се биде вклучен и инволвиран на Светскиот ден на здравјето е од исклучителна важност и значење во засилување на неговото влијание.

Ние како поединци, организациите и владите може да учествуваат преку организирање настани, водење здравствени кампањи, споделување информации и ресурси, како и заложување за политики кои даваат приоритет на здравјето на сите. Колективниот активизам може значително да влијае на глобалните здравствени политики, поттикнувајќи напредок кон универзалната здравствена достапност и покриеност на секоја единка.

Со учество во Светскиот ден на здравјето придонесуваме за глобално движење кон поздрав, поправеден свет за идните генерации.

За детално читање на овој текст, погледнете на 04-05 стр. во електронското издание на BETTY магазин (Април 2024).

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>