Фармацевти
Контакт

<< Назад

Ендометриоза

април 1, 2024



Пишува: Д-р Ејуб Ејуб - Специјалист по гинекологија и акушерство во ONE HOSPITAL Тетово

1. Ендометриозата е хронично гинеколошко заболување кое се карактеризира со раст на ткиво кое е слично на ендометриумот - внатрешниот слој на матката, но надвор од неа.

Овие клетки на ендометриозата може да се најдат на различни делови од телото, како на јајчниците, матката и другите органи.

2. Симптомите на ендометриозата можат да бидат различни и се разликуваат од еден до друг пациент. Некои од почестите симптоми вклучуваат болка во стомакот пред и за време на месечниот циклус, болка при сексуални односи, болка во бубрезите или постојано мокрење за време на месечниот циклус, болка во цревата и постојано отпуштање гасови, зголемен замор и инфертилитет.

3. Ендометриозата се појавува често кај жените во репродуктивна возраст, но може да ги засегне и адолесцентите и жените во менопауза.

Едно истражување покажа дека околу 10-15% од жените имаат ендометриоза, но оваа бројка може да варира во зависност од популацијата и користените дијагностички методи.

4. Третманот на ендометриозата може да биде различен во зависност од симптомите, возраста на пациентката и нејзината желба за репродукција во иднина. Некои опции за третман вклучуваат лекови за контрола на болката и воспаленото, хормонска терапија за намалување на растот на ендометриозното ткиво и хируршки интервенции за отстранување или намалување на ендометриозното ткиво од засегнатите органи од ендометриозата.

5. Во случај пациентката да забележи симптоми кои предизвикуваат сомнение за ендометриоза, таа треба да се консултира со гинеколог за целосна проценка. Гинекологот ќе земе детална медицинска историја, ќе изврши физички преглед и може да побара помош од дијагностичките тестирања, како што се пелвичен ултразвук и лапароскопија.

6. Советите во врска со оваа состојба се следни:

Обратете се на гинеколог во случај на сомнителни симптоми на ендометриоза. Раната дијагноза и третманот се многу важни за подобрување на симптомите и за спречување на нивно напредување.
Истражете ги различните методи на третман и разговарајте со својот лекар за најсоодветен третман според вашата конкретна состојба.
Променете ја својата исхрана и стилот на живот. Исхрана богата со антиинфламаторна храна, редовна вежба и управување со стресот можат да помогнат во справувањето со симптомите на ендометриозата.
Информирајте се за алтернативните методи на третман, како на пример акпунктура, масажа и природни суплементи.
Воедно, консултирајте се со лекарот пред да ги примените овие методи.
Секогаш е важно да бидете свесни за своите симптоми и да ги споделувате со гинекологот. Поставете прашања и бидете искрени со вашиот гинеколог за да ја добиете точната дијагноза и најдобр третман за ендометриоза.

За детално читање на овој текст, погледнете на 06-07 стр. во електронското издание на BETTY магазин (Април 2024).

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>