Фармацевти
Контакт

<< Назад

Стоматолошки интервенции во бременоста

мај 1, 2024



ДАЛИ СТОМАТОЛОШКИТЕ ИНТЕРВЕНЦИИ СЕ БЕЗБЕДНИ ВО БРЕМЕНОСТА?

Ова е често прашање што го поставуваат идните мајки, а најчесто постои страв дека истите можат да му наштетат на плодот и максимално се избегнуваат. Редовните прегледи и чистењето забен камен не само што не се штетни, туку се особено препорачливи. Промената на нивото на хормони во крвта предизвикува отекување на непцата, т.е. гравидарен гингивит и тоа доведува до задршка на остатоци од храна и зголемена иритација. Тоа доведува до инфекција во усната празнина. На тој начин редовните прегледи и чистење на забниот камен и наслаги ќе превенира против орална инфекција и можни компликации во бременоста.

КОГА Е НАЈДОБРО ДА СЕ ОДИ НА СТОМАТОЛОГ ЗА ВРЕМЕ НА БРЕМЕНОСТА?

Второто тромесечје е идеален период за посета на стоматолог. Првото тромесечје во кое се одвиваа органогенезата е најдобро да се избегне, со оглед на тоа дека токму тогаш се случуваат најголем број спонтани абортуси. Интервенции може да се извршат и во третото тромесечје, но се избегнуваат поради потешкотиите на трудниците кои ги имаат при лежење на грб и долготрајноста на интервенцијата, што може да доведе до дополнителни отоци.

АНЕСТЕЗИЈА ВО БРЕМЕНОСТА

Постојат повеќе студии и истражувања за дејството на анестетиците врз плодот и докажано е дека Лидокаинот, еден од најупотребуваните анестетици во стоматологијата, не ја поминува плацентарната бариера и е безбеден за употреба. Значи, анестезија може да се аплицира, што го зголемува комфорот кај идната мајка и го редуцира стресот од болка при интервенција.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>