Во случај на нетолеранција на хистамин, врската меѓу разградувањето на хистаминот и неговото производство во телото или неговото внесување преку храната не е во рамнотежа. Ако се надмине одредена количина на хистамин во телото, може да се појават различни симптоми:
- Кардиоваскуларен систем
- Низок крвен притисок, ненадеен пад на крвниот притисок
- Чукање на срцето
- Дигестивен систем
- Дијареа
- Болки во стомакот
- Повраќање
- Гадење
- Надуеност, чувство на ситост
- Респираторен систем
- Кивање
- Затнат или течење на носот
- Астма, отежнато дишење, спазам на дишните патишта (бронхоспазам)
- Нервен систем
- Главоболка
- Вртоглавица
- Чешање на кожата и мукозните мембрани
- Црвенило
- Оток
- Отечени очни капаци
И сè тоа е предизвикано од храна, состојба за која ретко кој матичен зборува со пациентите, а е доста честа.
Најчести намирници што содржат хистамин:
Домати, колбаси и процесуирана храна, како и сите продукти што стојат долго на собна температура и се подложни на ферментација која го ослободува хистаминот, тесто кое содржи квасец, јагоди, малини, ореви итн.
Дијагнозата се воспоставува доста тешко и може да трае со години, најчесто лекарите ја припишуваат на нарушено психичко здравје, кое иако е поврзано сепак има биолошки механизам на настанување и треба сериозно да се земе предвид затоа што пациентите имаат потешкотии и треба да им се помогне.
Терапијата би се состоела од одбегнување продукти што содржат хистамин, а од лекарства можно е да се препишат и антихистаминици или ДАО-препарати (додатоци на исхрана) кои го содржат ензимот диамин оксидаза и витамините Б и Ц, кои помагаат при разградување на хистаминот.