Фармацевти
Контакт

<< Назад

Како да ги заштитиме очите во летниот период?

јули 1, 2024



Летото е можеби омилениот период во годината, првин заради топлото време, а второ бидејќи нѐ потсетува на одмор. Но, секогаш доброто има и свои лоши страни.

Па како сонцето и топлиот период влијаат врз нашите очи?

Од појава на алергии до влошување на суво око, како и штетното влијание на УВ зрачењето, овој период сепак може штетно да влијае врз очите.

Пролетта и летото се периоди каде почесто сме надвор заради сонцето, меѓутоа во тој период има зголемено количество на алергени во воздухот заради ветерот и активните растенија, па така во овој период има зголемен број на пациенти со активирани окуларни алергии, кои се карактеризираат со солзење и чешање на очите.

Освен ова, топлото време и ветерот придонесуваат за зголемено испарување на солзите, па овој период пациентите кои се склони кон синдром на суво око се жалат на влошување на симптомите. Овие симптоми се чувство на песок и печење на очите, чувство на замор, потешкотии да се отворат очите и сл.

Во летниот период добро познато е и штетното влијание на УВ зрачење. Очите се осетливи на ова зрачење во повеќе сегменти, почнувајќи од појава на дегенеративни промени на конјунктивата на окото, до појава на дегенеративни промени во точката за јасен вид(макула). Ова е особено изразено кај повозрасната популација.

Како да се заштитиме?

Во однос на алергиите и појава на суво око, добро е при рака секогаш да имаме вештачки солзи кои во моментот ќе ни ги олеснат симптомите. Меѓутоа доколку не помогнат, тогаш е неопходен преглед од лекар офталмолог.

Во однос на УВ заштита добро е да носат очила со УВ заштита, особено доколку сте на море или планина, каде ова зрачење е интензивирано. Исто така препорачливо е во периодот од денот кога ова зрачење е најинтензивно да останете внатре.

Пишува: Д-р Маја Иванова / Спец. офталмолог

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>