Фармацевти
Контакт

<< Назад

Семејна аптека за годишен одмор

јули 1, 2024



Содржината на вашата „патувачка аптека“ ќе зависи од вашата здравствена состојба, старост, начин и траење на патувањето, и се разбира од дестинацијата.

Ако патувате во тропски држави или било каде, каде што постои епидемија на заразни болести, распрашајте се за задолжителна и превентивна вакцинација, заштита со лекови, а погрижете се и за соодветно здравствено осигурување.

Лекови и останати работи кои би морале да бидат основен состав од вашиот багаж за годишниот одмор:

  1. Сируп и/или таблети за намалување на високата телесна температура,

  2. Таблети против болки, главоболка, забоболка,

  3. Таблети против настинки и болки во грлото,

  4. Креми, таблети или сируп против алергии, за ублажување на чешањето после убоди од инсекти,

  5. Чај против запек кој може да настапи заради промените на животниот ритам, околина и исхрана,

  6. Чај од боровница или сл. против пролив,

  7. Раствор на рехидрациска сол кој ја надополнува изгубената течност, глукоза и електролити заради претерано потење (високи температури) или пролив,

  8. Таблети против мачнина за време на возењето во автомобил, брод, авион,

  9. Лекови против болки во желудникот кои настануваат од неправилна, масна или многу зачинета храна,

  10. Маст против херпес,

  11. Капки за очи (воспалени или алергија),

  12. Креми, млека и слична заштита од сонце (не заборавајте на шешири и очила за сонце со UV филтер),

  13. Креми за нега на кожата и косата после сончање,

  14. Репеленти – средства против инсекти,

  15. Маст против габички,

  16. Мултивитамински додатоци (ако одите на подолги патувања каде што храната е еднолична),

  17. Термометар,

  18. Прибор за повивање на рани (завои, стерилни гази, ножички),

  19. Фластери за плускавци,

  20. Пинцета за отстранување на страни тела од кожата,

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>