Како да се ослободите од непријатните симптоми кои го придружуваат зголемувањето или воспалението на простатата?
ноември 1, 2024
„Movember“ или „No-Shave November“ се слави ширум светот секој ноември кога мажите избираат да не ја бричат брадата или да пуштат само мустаќи, за да ја подигнат свеста за потребата да се грижат за своето здравје.
Според статистичките податоци, од сите внатрешни органи на мажите, најпогоден орган е простатата.
Најчести заболувања на простатата се:
•неканцерозно зголемување на простатата (бенигна хиперплазија на простатата)
•воспаление на простатата (простатитис) и рак на простата.
Најчесто е секако бенигното зголемување на простатата (БПХ), болест која со себе носи многу непријатни симптоми, како отежнат почеток на мокрење, нецелосно празне- ње на мочниот меур, често мокрење во текот на денот и навечер, како и нагон за мокрење што не може да се потисне на кој било начин.
Компликациите од оваа болест се многубројни, па затоа е многу важно да се почне со терапија на време за да се спречи прогресијата на болеста.
Првично, пациентите доживуваат инфекции на уринарниот тракт кои тешко се лекуваат и често се повтору- ваат, а во подоцнежните фази на бенигно зголемување на простатата се појавува крв во урината, се јавува оштетување на мочниот меур и бубрезите, се формираат песок и камења во уринарниот тракт, а една од најсериозните компликации е уросепса - интоксикација, односно труење на телото поради нарушена бубрежна функција.
Од нефармаколошките мерки се препорачува умерен начин на живот и исхрана. Исхраната мора да биде разновидна, богата со витамини, умерено солена и многу малку зачинета.
Важно е да избегнувате долго седење и лежење, напорно одење и возење велосипед. Треба да уринирате редовно и да не го одложувате одењето во тоалет, да избегнувате да пиете големи количини течност одеднаш и да избегнувате пиење алкохол и ладни пијалаци.
Во последните неколку години фитотерапијата зазема многу важно место во официјалните уролошки водичи за третман на бенигно зголемување на простатата, но и други пробле- ми со простатата како што се акутно и хронично воспаление (простатитис) и синдром на хронична карлична болка.
Меѓу растителните екстракти со докажана ефикасност се екстрактите од тестераста палма, африканска слива, семки од тиква, полен од 'рж и корен од коприва.
Една од најчесто споменуваните состојки во хербалните производи со докажана ефикасност и безбедност за проблеми со простатата е екстрактот од полен од 'рж. Овој екстракт е природно решение за зачувување на здравјето на простатата и целиот уринарен тракт.
Ефикасноста на екстрактот од полен од 'рж е докажана во повеќе од 100 клинички студии, а екстрактот од полен од 'рж е наведен како една од терапевтските опции во официјалниот европски уролошки водич за третман на синдром на хронична карлична болка.
Со докажан повеќекратен механизам на дејство, овој екстракт:
• Ефикасно ги намалува симптомите поврзани со бенигното зголемување на простатата
• Значително го подобрува протокот на урина, ја намалува големината на простатата и количината на резидуална урина во мочниот меур
Ги намалува воспалението, отокот и болката при воспаление на простата и синдром на хронична карлична болка
• Го спречува развојот и прогресијата на болеста на простатата
• Поволно влијае на еректилната функција
• Го подобрува квалитетот на живот
Производите кои го содржат екстрактот од полен од 'рж се достапни и кај нас. Мажите кои примениле ваков вид терапија истакнуваат дека се особено задоволни од намалувањето на болката при мокрење и намалувањето на зачестеноста на мокрењето, особено во текот на ноќта.
Дополнително, истакнуваат дека е забележливо зголемување на протокот на урина и дека имаат чувство на целосно празнење на мочниот меур. Сите овие се многу непријатни симптоми на бенигно зголемување на простатата, кои значително влијаат на квалитетот на живот.
За разлика од некои други хербални производи кои можат да се најдат кај нас, начинот на користење на производите со екстракт од полен од 'рж е многу едноставен и удобен - земате само една капсула еднаш дневно.
Истражувањата покажуваат дека за целосен терапевтски ефект се препорачува континуирана употреба од 3 месеци. Кога станува збор за безбедноста од употребата, студиите сугерираат дека нема причина за загриженост бидејќи екстрактот може да се комбинира со сите лекови, вклучувајќи ги и антибиотиците, без можност за интеракции и несакани ефекти.
Пишува:
MPharm Стефче Монавчев
Area Manager INNventa Macedonia
ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР
Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци