НЕКОИ РАСИ КУЧИЊА, КАКО ЛАБРАДОРИТЕ, ГЕРМАНСКИТЕ ОВЧАРИ И БЕЛГИСКИТЕ ОВЧАРИ-МАЛИНOА, ИМААТ ИЗВОНРЕДНО ЧУВСТВО ЗА МИРИС И СЕ КОРИСТАТ ЗА ДЕТЕКЦИЈА НА ОДРЕДЕНИ БОЛЕСТИ КАЈ ЛУЃЕТО. ОВИЕ КУЧИЊА МОЖАТ ДА НАМИРИСААТ СПЕЦИФИЧНИ БИОХЕМИСКИ ПРОМЕНИ ШТО ТЕЛОТО ГИ ПРОИЗВЕДУВА КОГА ЛИЦЕТО ИМА ОДРЕДЕНА БОЛЕСТ, КАКО ШТО СЕ КАНЦЕР, ДИЈАБЕТЕС ИЛИ ИНФЕКЦИЈА.
Болести што кучињата можат да ги намирисаат:
1. РАК – Некои кучиња се обучени да намирисаат рак на белите дробови, дојката, кожата и простатата.
2. ДИЈАБЕТЕС – Кучињата можат да откријат промени во нивото на шеќер во крвта, па дури и да предупредат кога ќе настане опасност од хипогликемија.
3. ЕПИЛЕПСИЈА – Некои кучиња можат да ја намирисаат промента во телото и да го предупредат сопственикот пред да започне напад.
4. МАЛАРИЈА – Истражувања покажаа дека кучињата можат да намирисаат маларија преку мирисот на заразената кожа.
5. КОВИД-19 – За време на пандемијата, кучињата се користеа за рано откривање на инфекција со Ковид-19
ОБУКА И ДРЕСУРА
Специјализирани институти и центри за дресура обично ги обучуваат овие кучиња. Најчесто обуката ја водат експерти за работа со кучиња и ветеринари кои соработуваат со научници и медицински лица. Обуката е напорен процес и може да трае од неколку месеци до една година, во зависност од сложеноста на болеста што треба да се детектира.
ПРИМЕНА ВО ДИАГНОСТИКА
Кучињата за детекција на болести сè повеќе се користат за поддршка на медицинската диагностика во болници, клиники и истражувачки центри, особено за рак и други хронични болести. Иако нивното користење не е замена за традиционалните медицински тестови, тие се покажале како многу прецизни во помагање за рана детекција и превенција.
ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР
Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци