Фармацевти
Контакт

<< Назад

ИДЕАЛНИ ПРИРОДНИ ФОРМУЛАЦИИ ЗА КОНТРОЛА НА МАСТИТЕ ВО ОРГАНИЗМОТ

декември 1, 2024

ХОЛЕСТЕРОЛОТ Е ЛИПИД КОЈ-ШТО СЕ СИНТЕТИЗИРА ВО ЦРНИОТ ДРОБ, НО -ГО ВНЕСУВАМЕ И СО ИСХРАНАТА. ТОЈ Е ОДГОВОРЕН ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ИНТЕГРИТЕТ НА ЅИДОТ НА КЛЕТКАТА, А ИСТОВРЕМЕНО И ВО СИНТЕТИЗИРАЊЕ НА ОДРЕДЕНИ ХОРМОНИ И ВИТАМИН Д. ТРИГЛИЦЕРИДИТЕ ИМААТ УЛОГА ДА ОБЕЗБЕДУВААТ ЕНЕРГИЈА ОД ХРАНАТА КОЈА ШТО ЈА ВНЕСУВАМЕ ПРЕКУ КАЛОРИИ ВО ВИД НА ЈАГЛЕХИДРАТИ, МАСТИ И ПРОТЕИНИ. ВИШОКОТ ОД ОВИЕ КАЛОРИИ ШТО НЕМА ДА ГИ ИСКОРИСТИ ОРГАНИЗМОТ СЕ СКЛАДИРААТ ВО ФОРМА НА ТРИГЛИЦЕРИДИ.

Кога во организмот ќе се покачи „лошиот ” холестерол или ЛДЛ како и вредностите на триглицеридите истовремено се зголемува и ризикот од коронарна срцева болест. Се зголемува и можноста за зголемување на артериски плаки кои можат да доведат до атеросклероза. Фармацевтската индустрија, нормално, го следи трендот на сите болести и го бара решението за нив, па така и во случајов последниве децении лансирани се повеќе природни препарати кои успешно го регулираат нивото на мастите и холестеролот во крвта. Таков е примерот со препаратот кој-што е комбинација од црвен ориз, артичока, холин и витамини Б1 и Б9 и кој има доста позитивен исход во третманот.

ЦРВЕНИОТ ОРИЗ изобилува со активни состојки монаколини кои се сметаат за природни статини.Од сите монаколини најактивен е Мonakolin K, кој го инхибира ензимот HMG-CoA редуктаза и на тој начин ја стопира синтезата на холестерол во црниот дроб. Тој е клучен за делотворноста на црвениот ориз во смисла на намалување на вкупен холестерол, намалување на LDL холестерол и триглицеридите во крвта. Покрај монаколинот со процесот на ферментација се создаваат и растителни стероли, незаситени масни киселини, ензими за варење, витамини од Б групата (ниацин) и други продукти кои исто така придонесуваат за делувањето и ефикасноста на производот. Корисниот ефект се постигнува со дневен внес на 3 mg monakolin K од ферментиран црвен ориз. Благодарение на бројни студии кои ги документираат горенаведените дејства постои одобрено здравствено тврдење: „monakolin K од ферментиран црвен ориз придонесува за одржување на нормално ниво на холестерол во крвта “.

АРТИЧОКАТА во народната медицина од дамнешни времиња се користи со цел да се поттикне работата на црниот дроб, односно за лачење жолчка која ги преработува мастите кои ги внесуваме со исхраната. Покрај тоа извршени се бројни испитувања кои потврдуваат дека преработки од артичока можат да влијаат на нивото на маснотиите и холестеролот во крвта.

Артичоката го намалува покачениот холестерол, на тој начин што го намалува нивото на лошиот LDL холестерол, а го зголемува „добриот’’ HDL холестерол. Ова е резултат на нејзиното холеретично делување, односно преку зголемено лачење жолчка, поради што црниот дроб е во состојба засилено да го претвора холестеролот во жолчни киселини. За разлика од статините, артичоката не ја намалува синтезата на холестерол, туку само ја зголемува неговата разградба. На овој начин организмот се справува со вишокот на холестерол, а се намалува и нивото на триглицеридите.

ХОЛИНОТ ПРИДОНЕСУВА ЗА: нормален липиден метаболизам, нормален метаболизам на хомоцистеин и придонесува за одржување на нормалната функција на црниот дроб (хепатопротективно дејство).

ТИАМИНОТ (Б1) има благотворно дејство врз работата на срцето, а го намалува и дијастолниот и средниот артериски притисок според податоците од литературата.

ФОЛНАТА КИСЕЛИНА јa намалува концентрацијата на хомоцистеин во крвта, кој инаку е еден од одговорните фактори за атеросклероза и воспалителни процеси во ендотелот на садовите.

ДОДАТОЦИТЕ ВО ИСХРАНА се безбедни производи кои ги немаат несаканите ефекти на статините и кои не мора да се користат континуирано, односно во терапијата со нив може да се прават паузи.Особено се препорачуваат како превенција на лица со кардиваскуларни проблеми, луѓе кои веќе прележале инфаркт и дијабетичари со покачени вредности на холестерол.

Пишува: Мр.фарм Андријана Шајновска

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>