Фармацевти
Контакт

<< Назад

Електролити – прва линија на терапија при повраќање и дијареа

јули 1, 2025

Дијареата е честа манифестација на многу гастроинтестинални заболувања. Таа значи намалување на фекалната конзистентност и се јавува кога постои дисбаланс помеѓу цревната апсорпција и секреција на водата.
Дијареата е најчестиот здравствен проблеми во земјите во развој и првата причина за хоспитализација кај децата. Третманот на дијареа во основа се состои од замена на изгубените течности преку орален рехидрациски раствор (ОРС). Употребата на ОРС кај дијареа ја намалува стапката на смртност и морбидитет на болеста, но не доведува до намалување на времетраењето на дијареата и нејзиниот интензитет. Според Светската здравствена организација се препорачува хипотоничен орален рехидратен раствор, затоа што постои ризик од хипернатремија и појаки и почести столици, при користење на хипертоничните раствори.
Пробиотиците се јавуваат како една од алтернативите кои можат да го скратат времетраењето на дијареата. Меѓу нив, сите се бактерии, освен S. boulardii, кој е квасна габа. Saccharomyces boulardii е непатоген, нетоксичен вирус на квасец. Неговата ефикасност се припишува на директен инхибиторен ефект врз растот на патогените соеви, антисекреторен ефект со специфично врзување на токсините на цревните рецептори и трофичен ефект врз ентероцитите со стимулација на ензимска активност и неспецифични и антиинфективни механизми како што е антиинфламаторната активност.
Saccharomyces boulardii секретира протеаза за која се покажа дека неутрализира одредени бактериски токсини. Исто така може да го стимулира имуниот одговор.
Како да се препознае дехидратацијата и што да се преземе:
Блага дехидрација е „нормална“: слабо сува уста, жед, 1 мокра пелена за 6 часа.
Сепак за дете кое нема ниту 1 мокра пелена во рок од 8 часа треба да се побара медицинска помош
Кај децата мора да се надополнуваат изгубените течности. Ако не поднесуваат или одбиваат, треба да се пијат благи напитоци пр. сок од јаболко, морков, бистри супи, изотонични раствори или оризова вода
Деца со изразена дијареа и повраќање треба да користат орални рехидратациски средства (ORS). ORS осигурува внес на натриум, калиум и други електролити со кои се надополнува изгубената сол и јаглехидрати. ORS се специјално дизајнирани за состојби кога настапува умерена до силна дехидрација: воспаление на очи, недостиг на солзи, сува уста и помалку од една мокра пелена на 6 часа.
Надополнување на течностите за да се избегне дехидрација по пат на често внесување мали количини течност сè до намалување на интензитетот на симптомите!
Добар извор на течност се бистри супи или бујони бидејќи ја надополнуваат потребната сол.
Децата кои не се дехидрирани треба да продолжат со нормална исхрана (доење)
Популарната терапија за дијареа - BRAT диета, со која се ограничува внесот на храна на: банани, ориз, рендани јаболка и двопек – повеќе не се препорачува шпради несоодветен внес на нутриентите.

 

Пишува
М-р фарм. Соња Пецевска

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>