Магнезиумот е осмиот најраспространет елемент од кој се состои Земјината кора (околу 2%) по тежина и е третиот најброен елемент кој е растворен во морската вода. Слободниот елемент не се наоѓа во природата. Магнезиумовиот јон е есенцијален за градбата на нуклеинските киселини, а со тоа и за сите клетки на сите живи организми. Многу ензими не можат да дејствуваат без присуство на магнезиум јоните при катализата, особено оние кои се користат за синтеза на АТП или тие кои користат други нуклеотиди за синтеза на ДНК или РНК.
Зошто ни е потребен магнезиум?
Магнезиумот игра важна улога во работата на кардиоваскуларниот систем, нервниот систем, мускулите, бубрезите, црниот дроб, жлездите што лачат хормони и мозокот. Тој се апсорбира преку цревата и потоа со помош на крвта се транспортира до клетките и органите, каде што се складира. Магнезиумовата дефициенција (недостаток) - слабост или грчеви во мускулите; аритмија или забрзано отчукување на срцето; главоболка; висок крвен притисок; покачување на телесната тежина; депресија; мачнина; недостиг на апетит. Недостигот на магнезиум може да се утврди преку анализа на крвта. Неконтролираното консумирање магнезиум под формата на апчиња или како додаток во исхраната може да доведе до предозирање. При предозирање со магнезиум симптомите се: дијареја, изнемоштеност и поспаност. За да ги избегнете тие непријатности, не употребувајте магнезиум надвор од вашата исхрана, освен ако тоа не ви е препишано од доктор.
Препорачани дневни потреби
Препорачаните дневни потреби за магнезиум се:
Новороденчиња (0-6 месеци) – 30mg
Новороденчиња (7-12 месеци) – 75mg
Деца (1-3 години) – 80mg
Деца (4-8 години) – 130mg
Тинејџери (14-18 години) – 360 до 410mg
Мажи (19-30 години) – 400mg
Мажи (31 година и нагоре) – 420mg
Жени (19-30 години) – 310mg
Жени (31 година и нагоре) – 320mg
Бремени жени (19 години и нагоре) – 350 до 360mg
Доилки (19 години и нагоре) – 310 до 320mg
Храна богата со магнезиум
Спанаќ, блитва, семки од тиква, јогурт или кефир, бадеми, авокадо, црн грав, смокви, темно чоколадо.
Пишува
Д-р Ирена Солтировска
доктор на медицина
ПЗУ Поликлиника Карпош - Куманово
ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР
Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци