Фармацевти
Контакт

<< Назад

BETTY магазин, jуни 2015

јуни 15, 2015

[vc_column width="1/2"][mk_image src="https://betty.mk//wp-content/uploads/2015/04/Cover_MAC_jun2015.jpg" group="_general" margin_bottom="0" crop="false"][vc_column width="1/2"]

Ламбе Алабаковски



Музиката ми е живот и љубов



Broj 16, јуни 2015

Упорноста ме води од мал

Бојана Симоновиќ

Секогаш ведар, позитивен и со добра волја – пејачот кој веќе една деценија стабилно чекори на македонската музичка сцена –Ламбе Алабаковски ексклузивно за BETTY магазин говори за својата љубов кон музиката, семејството, за своите предизвици и остварувања. Ламбе открива и како се снаоѓа во улогата на татко, а објаснува и во што сè тој ја наоѓа среќата. Во интервјуто за BETTY магазин овој млад пејач говори за своите инспирации и за задоволството од постигнатото на музичката сцена. Ламбе ни откри и за тоа како се грижи за своето здравје и кои се неговите омилени физички активности.BETTY: Важите за еден од најпозитивните и најнескандалозните лица на македонската музичка сцена. Како успевате да направите баланс помеѓу јавниот и професионалниот живот?
Мене музиката ми била живот и љубов отсекогаш, а не некое средство за мое докажување на егото и суетата. Таа е страст во мене и љубов, помилозвучно ако сакате. Уште од моите почетоци во музиката некако се воздржував од такви залетувања кон славата. Мене Бог ми дал дарба, тој што сè створил, тој е пославен од мене во моето срце. Музиката ме исполнува и ме прави среќен.

BETTY: Колку Вашата нова улога на родител влијае на Вашата музичка кариера?
Јас, заедно со мојата сопруга, уживам во родителството. Сепак, мислам дека поважна кариера од родителството не постои, сè друго што е на прво место не е толку важно како тоа. Така сме создадени, а мојата музичка кариера со мојот син Михаил е уште поживописна и шаренолика. Тој ми претставува една инспирација да напредувам и да бидам поуспешен во созревањето на гласот и музиката која се создава.

BETTY: Во јавноста сте запомнати по Вашата упорност, на тој начин и се пробивте на музичката сцена. Откако неколку пати учествувавте, успеавте да победите на потрагата по ѕвезди на М2 продукција во 2004. Колку сте генерално упорен во животот во остварување на своите цели?
Упорноста ме води уште од моите нај-мали години, кога сум му помагал на мојот дедо послушно секогаш. Па така и во музиката, која ја избрав како мој сопатник, треба, пред сè, љубов, трпение и упорност. Но, во овие 10 години научив дека и некој друг треба да ги спои коцките од мозаикот за да има успех. Се разбира тука постојат и менаџери, продукција, луѓе кои се трудат за кариерата на еден пејач, на пример, но моментот го дава по мое мислење Бог.

BETTY: Колку Ви се промени животот откако станавте дел од музичката сцена?
Не би можел да знам каков би бил животот ако не почнев на мои 17 години на музичката сцена, сигурно никој не би знаел, чудни се патиштата кои животот ни ги носи. Не секогаш се по наша волја. Ете од толку многу таленти јас бев избран на почетокот од М2 да бидам тој што ќе сними албум и спотови и така започна сè. А за тоа дека многу луѓе се зближуваат или оддалечуваат во моменти на популарноста, јас би кажал дека сите ги сакам и подеднакво ми се драги, но не секогаш ни се спојуваат патиштата во животот.

BETTY: Како знаевте дека токму музиката е она со кое сакате да се занимавате, што беше пресудно да кажете јас ќе бидам пејач?
Се сеќавам на мои 6 години дека имав еден мал синтисајзер и свирев и ја пеев песната „Билјана платно белеше“. Татко ми ме научи, а тој, пак, го наследил гласот и дарбата од дедо ми. Инаку, тој е наставник по музика и има свирено во многу бендови. Тоа можеби беше пресудно, но и тремата ја имав надминато од кога знам за себе или, пак, лесно ја надминувам.

BETTY: Во јавноста сте познат и како хуманист и амбасадор на „СОС Детското село“. Колку ова Ве исполнува и колку мислите дека хуманоста во Македонија се цени?
За „СОС Детското село“ ми беше драго што бев амбасадор и напишав песна и снимивме спот со тие деца. Сè уште ги сакам и тука сум за нив. Да се биде хуман и да се пр ават добри дела се две различни работи. Првото е поради некоја цел и има суета и заднина, а второто се прави за како што се вели – десната рака да подари, а левата да не знае. Така што многу е тенка границата на сите хуманитарни настани во Македонија, помеѓу хуманост и добро дело.

BETTY: Како би ја оцениле моменталната ситуација на македонската музичка сцена, каде сме ние според Вас ако треба да направите една споредба со балканската музичка сцена?
Ние сме многу напред отсекогаш, секогаш сме биле први во светските трендови на музика, на толку малку жители сè уште имаме огромно богатство од творештво, во секој жанр. Но, тоа што нема сериозност, искреност, постојаност во работите кои се прават, почитување на постарото или соодветна поддршка од медиумите, тоа ја доведе македонската музичка сцена на ова да речам дереџе на кое сега се наоѓа.

BETTY: Имате ли намера својата кариера да ја проширите надвор од границите на Македонија, колку е за Вас тоа предизвик?
Имам, но, сепак, треба време и начин и средства за сето тоа. Сигурен сум дека ќе ми се отвори патот некогаш, бидејќи искрено сакам да го слушнат тоа што јас го пеам.

BETTY: Генерално на музички план кој е најголемиот музички предизвик за Ламбе?
Греми, студијата во Лондон, нивната традиција, посветеност. Предизвик е да те слушнат во секоја песна, што и како пееш. Од техника па натаму, пеењето е наука и не е само песна од три и пол минути.

BETTY: Со кој светски музичар би сакале да соработувате, има ли некое лице од музичката сцена кое Ви е инспирација?
Калиопи е одличен музичар и пејачка. А од оние од странство... не знам овие добрите подостареа, а младите сè уште учат, се надевам меѓу Стиви Вондер и Стинг има некој.

BETTY: Колку сте задоволен од она што досега го имате постигнато на професионален план?
За сè сум му благодарен на Бога и презадоволен сум од животот за сè буквално. Мојот сон и желба се остварени и сега сè уште само се надградуваат со искуството стекнато претходно.

BETTY: Дали имате некое мото кое Ве води низ животот и кое си го споменувате во тешки ситуации?
Ќе биде подобро. А ќе биде ако самите тргнеме да се подобриме.

BETTY: Што е за Ламбе дефиниција за среќа?
Среќата е во малите нешта и секогаш ја барам во нив. Не земајте огромен замав и нема да сте несреќни. Среќата е во сè што е создадено, во воздухот, во птиците, природата, музиката, во сè.

BETTY: Колку имате време за спортски активности и дали сте физички активен?
Редовно со моите пријатели играме мал фудбал. Пешачење, велосипед и планина ми се омилени активности.

BETTY: Како Вие се грижите за своето здравје со оглед на тоа дека без здравје не можеме да оствариме ниту една цел во животот?
Се грижам за моето здравје, да се биде здрав треба свеж воздух секогаш, движење, повеќе овошје и зеленчук, јадам месо и сите јатскасти плодови. На крајот со една чаша добро вино сè се подобрува.[mk_image src="https://betty.mk//wp-content/uploads/2015/04/App_MK_cover_jun_2015.jpg" image_size="full"]

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>