Фармацевти
Контакт

<< Назад

Нега на косата во топлите денови

август 4, 2015

[vc_column width="1/1"]Милица Алексиќ

Фризурата е конечен показател на жената, рекол славниот моден дизајнер Живанши, чија муза била глумицата Одри Хепберн, позната по истенчениот вкус и негуваната едноставност

Високите температури, силното сонце, ветерот, морската сол, како и хлорот во водата во базените, може да ја ослабнат протеинската структура на косата, да го исушат влакното и да ја намалат еластичноста. Косата полесно и побрзо „се крши“, а краевите „цветаат“. За тоа да не се случи, еве неколку основни совети.

ФРИЗУРА: Се препорачува во текот на летните месеци, а особено на годишен одмор, изборот на фризурата да биде што поедноставен, без често фенирање, кое дополнително ја суши косата, ја прави полесно да се крши и да е склона кон пукање. Во топлите денови колку е тоа можно по миењето и мокрењето косата треба да се пушти да се исуши по природен пат. Кој нема време за тоа, совет е прво нежно и без силно триење да се исуши со крпа, па дури потоа со фен. Цврстите и јаки ластичиња, исто така, не се препорачуваат. Ако ја врзувате косата, направете го тоа со лента која не ја кубе и стега, исплетете лабава плетенка, ставете шноли. Ако косат ви е боена, имајте предвид дека сонцето и водата ја менуваат бојата, па заштитете ја со марама или шешир.

ЧЕШЕЛ: Најдобро за косата е да се користи четка со меки запци или чешел со тапи врвови. Косата треба да се чешла со нежни потези, без кубење. Правилното чешлање го спречува пукањето на влакното. Ако косата е влажна, не треба да се чешла со четка, туку со чешел со ретки запци и со широки запци.

РЕГЕНЕРАТОР: Во текот на летото задолжително треба да се користат регенератори, како купени така и оние кои сами сте ги подготвиле. По бањањето во море се препорачува да ги истриете краевите на косата со малку крем за сончање кој сте го нанеле на дланките. Регенераторот за коса треба да се нанесува на влажна коса, па со чешел да се расчешла косата и рамномерно да се нанесе по целата должина. Лицата кои имаат особено чувствителна и сува коса, на плажа и на базен би требало да се заштитат со водоотпорни производи, или со мешавина од заштитно масло, како што е, на пример, кантарионово со регенератор. Барем еднаш неделно косата треба да се хидрира со посилен регенератор, па ќе биде сјајна и блескава и покрај силното сонце и ветрот.

ИСХРАНА: Косата се негува и „одвнатре“, со правилна исхрана, намирници богати со железо (суво грозје, грав, сочиво, зеленчук со зелени листови), овошје и зеленчук кои изобилуваат со минерали, витамини и вода. Летото е вистинска можност за здрава исхрана, па треба да се искористат неговите предности, кои ќе се одразат на здравјето на косата.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>