Фармацевти
Контакт

<< Назад

Слабеење

август 4, 2015

[vc_column width="1/1"]Вистини и заблудиАлександар Вучковиќ

Повеќето заблуди за слабеењето се базирани на некое „лесно решение“, а вистината е дека за редукција на килограмите нема „лесен“ и „тежок“ пат, туку постои само оној кој е правилен, кој е заснован на знаење, информираност и истрајност

Иако слабеењето е процес кој долго трае и бара менување на животните навики, прифаќање на својата телесна градба и возраста, како и дисциплинираност, систематски преглед кај лекар, консултации со нутриционист, физиотерапевт и фитнес тренер, многумина ги прескокнуваат и ги заобиколуваат и се фрлаат на некоја заводлива диета која ветува чуда во краток рок и без труд. Брзото слабеење многу често е поврзано со разни заблуди, па затоа да погледнеме некои од нив.

ЌЕ ОСЛАБАМ ЗА ТРИ ДЕНА: Многу диети нудат симнување на килограми во краток рок, за три, пет дена или една недела. Меѓутоа, како што вишокот на килограми не се насобрал преку ноќ, така не постои ни начин да исчезне за неколку дена. Дури и кога вагата покажува брзо губење на килограми, всушност, е изгубена вода, а организмот е дехидриран и доведен во состојба опасна по здравјето.

СО ГЛАДУВАЊЕ НАЈДОБРО СЕ СЛАБЕЕ: Нискокалоричните диети се неодрживи на подолг рок,
зашто организмот перманентно е во недостиг на енергија, па ги троши
драгоцените резерви на јаглехидрати, а кога ќе пресушат, тогаш ја троши мускулната маса. Во исто време мозокот е во функција на
самоодржување и бара начин да го надомести потрошеното, па апетитот расте. Првата можност по гладување, телото се обидува плански да ги натрупа новите залихи, за да се заштити од глад. Така што по гладување следува дебелеење, па може да се случи да имате повеќе килограми отколку кога сте се одлучиле на диета со гладување.

СО ЕКСТРЕМНО ВЕЖБАЊЕ СЕ СИМНУВААТ КИЛОГРАМИ: Екстремното вежбање бара и специфичен начин на исхрана за спортисти, а ако се комбинира со диета за слабеење само се исцрпува организмот и се зголемува ризикот од повреди. Екстремното вежбање не треба да се меша со здрава физичка активност, која е ускладена со кондицијата, годините и здравствената состојба. Пешачењето, пливањето, возењето велосипед, гимнастиката и трчањето не служат само за „механичко“ трошење на калории, туку движењето е битно за покренување, односно забрзување на метаболизмот.

САМО СО ШЕТАЊЕ НЕ МОЖЕ ДА СЕ ОСЛАБЕ: Ова е сосема неточно! Вистина е дека при лесно шетање се трошат мал број калории, ама затоа се активира метаболизмот.
Шведските лекари од угледната стокхолмска Каролинска клиника препорачуваат секојдневно шетање од 40 минути. Треба да се шета во ритам, со темпо кое одговара и не е напорно, но без застанувања, секој ден. Тие велат: „Ако не знаете каде да одите, одете 20 минути во еден правец, па вратете се“. Овие лесни секојдневни прошетки комбинирани со здрава исхрана сигурно даваат добри резултати.

САМО РАДИКАЛНА ПРОГРАМА ЗА СЛАБЕЕЊЕ Е ЕФИКАСНА: Ова едноставно не е точно. Драстични диети како и исцрпувачки физички вежби се неиздржливи на подолг рок. Разумно губење килограми и истрајност во намерата
се постигнуваат со мали промени во животните навики, кои се воведуваат чекор по чекор, па се одржливи на подолг временски период, а со самото тоа се и ефикасни.

СО ПРЕСКОКНУВАЊЕ ОБРОЦИ СЕ СЛАБЕЕ: Избегнување оброци, нивно прескокнување, нездраво е и неефикасно. Организмот трпи, килограмите се натрупуваат во залихи, кондицијата слабее, а волјата лесно попушта. Правилната исхрана подразбира присуство на поголем број оброци, па подобро е да се земаат пет помали оброци дневно, отколку еден обилен, кога организмот ќе изгладни и човек ќе стане „гладен како волк“.

ЛЕБОТ И ЈАГЛЕХИДРАТИТЕ ДЕБЕЛЕАТ: Консумирани во умерени количини, јаглехидратите не предизвикуваат дебелина. Откажување од јаглехидрати, освен во случај на алергија и болести, не е препорачливо, зашто така се исклучуваат житните растенија кои се сметаат за здрава храна. Треба да се избегнува леб од бело брашно и пржени компири, зашто тоа е формула за дебелина.

МАРГАРИНОТ Е ПОЗДРАВ ОД ПУТЕРОТ: Ова е голема заблуда, пред сè, зашто путерот и маргаринот содржат различни видови масти. Маргаринот содржи хидрогенизирани билни масти кои се далеку понездрави од заситените масти. Кој е на програма за слабеење би требало да избегнува путер и маргарин, а ако мора да избере, тогаш треба да се исфрли маргаринот, зашто се состои од мешавина на вода и хидрогенизирано масло со додаток на конзерванси, стабилизатори, бои, ароми и вештачки витамини и, всушност, е нездрав индустриски намаз.

ОНОЈ КОЈ ПОМАЛКУ ПИЕ ТЕЧНОСТ ПОБРЗО СЛАБЕЕ: Ова е опасна заблуда, зашто водата е неопходна за добро здравје и без неа можеме да издржиме многу пократок временски период отколку без храна. Водата нема калории, но е важна за хидрирање на организмот, а факт е дека жеден човек јаде повеќе. Затоа и кога сме на диета, треба да пиеме два литра вода секој ден.

СИТЕ „ГРИЦКИ“ ДЕБЕЛЕАТ: Неточно! Дебелеат индустриски грицки, чипс, смоки и слични производи, богати со заситени маснотии. Постојат и здрави грицки, како чипс од јаболко, јаткасти плодови кои треба да се консумираат дозирано, како и семки од сончоглед, семки од тиква и слично. Здравите грицки се корисни да се „издржи“ помеѓу оброците, полни се со минерали и витамини, но ни со нив не треба да се претерува.

ЗДРАВАТА ХРАНА Е СКАПА: Ова е голема и распространета заблуда. Ако ги споредите цените на нездравите преработки од месо, ќе видите дека се поскапи од непреработено месо и риба. Индустриско
подготвено јадење е поскапо од оние кои ги подготвуваме сами. Летото е време кога пазарите изобилуваат со евтино сезонско овошје и зеленчук, кои се основа за здрава исхрана. Можат да бидат скапи разни ексцентрични диети, кои ве „тераат“ да јадете само авокадо, или некое друго ретко и егзотично овошје.

НИШТО НЕ ЈАДАМ, А СЕ ДЕБЕЛЕАМ: Ова, се разбира, е заблуда во која паѓаат оние кои не јадат на маса, туку попатно, „штрбнувајќи“ и „пробувајќи“ ја храната. Во еден експеримент испитаниците кои тврдат „дека ништо не јадат“ се замолуваат сè што се обидуваат да стават во уста во текот на денот, да го стават во голем лонец. На крајот на денот лонецот бил полн, а испитаниците искрено изненадени.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>