Фармацевти
Контакт

<< Назад

Деформитети на ’рбетот кај децата

август 4, 2015

[vc_column width="1/1"]Се јавуваат во периодот на раст и развојд-р Радмила Косиќ
спец. педијатар

Седечкиот начин на живот, пред телевизор и компјутер, комбиниран со лоша исхрана и избегнување спорт и физичко воспитување во училиште, како последица може да има недоволна развиеност на мускулите и тетивите, а младите коски трпат нефизиолошки сили кои доведуваат до деформитет на стапалата и ’рбетниот столб. Секојдневната физичка активност е прва мерка на оваа превенција

Нашиот скелет се состои од долги и плочести коски кои заедно со мускулите и зглобовите ни овозможува движење. Освен тоа, скелетот има улога да ги штити внатрешните органи, да ги складира калциумот и фосфорот и во коскената срцевина да се создаваат бели, црвени крвни зрнца и тромбоцити. Во текот на животот коските растат, созреваат и се ремоделираат под влијание на хормоните, хранливите
материи и под дејство на механички сили – овие процеси се најизразени во периодите на забрзан раст. Затоа деформитетите на коскениот систем, а, пред сè, ’рбетниот столб, се јавуваат во периодот на раст и развој на детето поради генетски фактори, лоша исхрана и недоволна физичка активност.

Ако се присетиме на своето детство, ќе се нанижат слики на разигра-
ни деца кои шутираат топка, се качуваат на дрво, играат ластик, возат велосипед...Се користеше секој слободен момент да се помине времето со врсници во активна игра. Денес децата играат во паркови и игралишта само во раното детство, онолку колку што дозволува работното време на родителите и зависноста од телевизијата и компјутерот. Обемниот материјал за учење побарува часови седења во училиште и дома, а гледањето на омилената серија или цртан филм сè почесто ги окупира децата додека родителите го привршуваат работниот ден. Ваквиот „седечки“ начин на живот како последица има недоволна развиеност на мускулите и тетивите, а младите коски трпат нефизиолошки сили кои доведуваат до деформитети на стапалата и ’рбетниот столб.

ДИЈАГНОЗА НА ДЕФОРМИТЕТОТ
Дијагнозата на деформитетот на скелетот се поставува врз основа на детален преглед на лесно облечено дете во стоечки став. Педијатарот ја уочува положбата на ’рбетниот столб, лопатките и карлицата, положбата на рамењата, симетријата на телото, обликот на стапалата и потколеницата и правилото одење. Потребно е овие прегледи да се прават еднаш годишно, по потреба и почесто во консултација со ортопед или физијатар. Секој уочен деформитет побарува физикален третман или ортопедско-хируршки зафат. Колку порано се уочи, посериозно се пристапи кон вежбање и се промени начинот на живот (пливање, корективна или ритмичка гимнастика, балет...), толку резултатите во корекцијата на деформитетот ќе бидат подобри.

СКОЛИОЗА е искривување на ’рбетниот столб во латерална рамнина и е најчест деформитет кај деца и адолесценти. Сколиозите можат да бидат вродени или стекнати. Вродените се болести со бавен, прогресивен тек и бараат долготрајно лекување. Болеста мора да се уочи пред детето да почне да седи – во лекувањето се применуваат активни и пасивни вежби и специјални мидери. Стекнатите сколиози се многу почести, најчеста е адолесцентната сколиоза која се јавува после 10 година, напредува во текот на растот и го зафаќа градниот дел од ’рбетот. Доколку сколиозата е умерена, терапијата се состои од вежби – со упорно и правилно вежбање благите облици можат да се коригираат. Кај потешките облици се носат специјални мидери. Најтешките деформитети се лекуваат оперативно – прогнозата зависи од степенот на искривување и брзината на раст на детето.

КИФОЗА е деформитет каде ’рбетниот столб се свиткува кон напред – деформацијата е во пределот на средината на градниот ’рбет и е проследена со компензаторно „спротивно“ искривување на ’рбетот во долниот дел на грбот (лумбална лордоза). Се јавува подеднакво кај двата пола и се смета дека наследната улога е голема. Кај школските деца почесто зборуваме за „кифотично“ лошо држење – детето има свиткани рамења и е подгрбавено, но при исправување деформитетот се губи. Доколку не се уочи на време, кифозата се засилува и станува некоректибилна – околу 15 година детето се жали на замор при стоење. Физичка неактивност, многу седење и неправилна положба при седење, влијаат овие деформитети сè почесто да ги има кај школски деца од сите возрасти.

ПОДОБРО ДА СЕ СПРЕЧИ, ОТКОЛКУ ДА СЕ ЛЕКУВА! – полесно е да се каже, отколку да се спроведе на дело. Да се организира секојдневна физичка активност на претшколско дете не е едноставно за едно современо семејство. Многу е полесно и поевтино да се научи детето да игра игри на компјутер, отколку да се носи на пливање или танц...Престојот во парк денес бара постојат родителски надзор – и вие повеќе би сакале да возите ролерки со детето ако некој ви ги извршува домашните работи, зарем не?
Сакате вашето дете правилно да расте и ’рбетниот столб добро да го служи во текот на животот, размислете кому му правите услуга додека вашето дете задоволно „голта“ цртан филм, а вие одморате. Денес постојат разни „школи за спорт“ кои во зима ќе го заменат трчањето, топката и велосипедот. Физичката активност ќе ви користи и вам во борбата против спондилоза и остеопороза, затоа пронајдете време и место за занимавање со спорт (и брзата прошетка е спорт).

ШКОЛСКИТЕ ДЕЦА се во посебен ризик поради долгото седење над книга или пред компјутер, а најмногу се избегнуваат токму часовите по физичко. Развивајте здрави навики при седење на работната маса – проверете дали му одговара висината на масата и столот. Учениците постојано седат гледајќи во книги, тетратки или во екрани на разни електронски уреди – обидете се да го контролирате времето кое детето го поминува на овој начин. Една од воннаставните активности треба да биде спорт во рекреативен облик. Допуштете му на детето да ја смени активноста доколку веќе не му е забавно (не очекувајте олимписки шампион од вашиот основец!). Многу деца престануваат да се занимаваат со спорт токму поради нереалните
очекувања на родителите. Усвојувањето на здрави животни стилови е полесно колку детето е помало – мислете на деформитетите на ’рбетот и стапалата многу пред да ги открие педијатар. Секојдневната физичка активност е прва мерка на оваа превенција.

Правилен избор на школската торба
Започнете ја борбата за рамен грб на вашиот првоодделенец со правилен избор на школска торба. За среќа, ранецот стана моден детаљ, па децата прифаќаат носење товар на „вистинското место“. Не е потребно ранецот да биде голем (и тежок) – две прегради се сосема доволни за пониските одделенија.
Коригирајте ја должината на каишите за ранецот да стои помеѓу лопатките. Инсистирајте на намалување на бројот на книги кои се носат секојдневно во училиште и контролирајте дали детето носи и некоја непотребна...
Во разговор со учителот и останатите родители нагласете дека оптоварувањето со непотребен прибор ќе има трајни последици во развојот на ’рбетниот столб и дека е подеднакво важно за детето како и правилната исхрана. Непрескокнување на оброци и урамнотежена исхрана, со многу овошје и зеленчук, млеко и млечни производи во дневен внес од околу половина литар, обезбедуваат доволно минерали и витамини за правилен развој на коските. Во овој процес важна е улогата на витаминот Д – за среќа кај нас цела година има многу сонце.
Нашето тело има прецизни механизми за создавање и разградба на коските под влијание на механички сили – ние треба само да му дозволиме правилно да се развива, без непотребно оптоварување со тешки книги и дебели тетратки.
Секоја промена во држењето на телото пријавете ја на педијатар при систематски преглед и спроведете ја препорачаната терапија упорно и коректно.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>