[vc_column width="1/1"]Како бунар без дноМарија Јоксимовиќ
За најскапа женска чанта на светот се смета прочуената Биркин торба на луксузниот бренд Хермес, од розова кожа од крокодил украсена со злато и рачно брусени дијаманти, а за најдолговечна креацијата на Коко Шанел од 1955 год., која и денес не е излезена од мода
Идеалната летна торба би требало да ги има сите особини на легендарната чанта на Џули Ендруз, која го освои светот играјќи ја главната ролја на дадилката Мери Попинс во истоимениот филм од 1964 година. Во овој мјузикл, заснован на романот на П.Л. Траверс, кој освои 5 Оскари, Мери Попинс минува низ разни авантури со едно лондонско семејство на почетокот на 20 век, со тоа што нејзините волшепства се засноваат и на нејзината чудесна чанта во која, без
проблем, може да го собере и она што е поголемо од неа.
Токму торба со такви перформанси е потребна за секоја жена за долго, топло лето, за во неа без проблем да собере и она што е поголемо и од самата торба, како, на пр., крпа и простирка за плажа. Во торбата треба да има место и за книги и весници, плус крем за сончање и останата козметика, и неизоставното шише со вода. Пожелно е да собере и кутија со сендвичи и овошје и уште некои работи, како обувки за вода ако приодот е незгоден и полн со ежови, резервен костим за капење, чадор за сонце на расклопување итн. Со целиот тој багаж, летната торба не смее да изгледа кабасто, туку убаво, без разлика дали е полна или речиси празна.
ТОРБА ОД ФРОТИР: Како што кажува и самото име, направена е од фротир, во облик на голем ранец кој се собира на врвот со врвца и служи за пре нос на работи, а кога ќе се рашири и како пешкир за плажа. Мана е шт о до пристигнувањето на брегот на море, на езеро или на река сигурно изгледа убаво, но при враќањето не, бидејќи може да се извалка, навлажни или да добие некоја дамка. Затоа подобра опција од лежење на фротирска торба е да се понесе простирка за плажа. Значи, ако се избегне излежување на неа, таа секако е убав избор за летниот период, бидејќи фротирските материјали сами по себе асоцираат на сонце, вода и престој во природа.
ПЛАТНЕНА ТОРБА: Сошиена од платно, често со две лица, или повеќе внатрешни прегради и џебови, оваа торба е идеален избор за
лето, бидејќи е лесна, може да се пере, да се согласува со гардеробата, шеширот и останатите модни дотатоци. Исто така, може да се купи или да се сошие, или да се препр ави од некоја стара платнена чанта. Може да биде мала, за навечер, или токму голема за плажа и прошетка. Најчесто се носи преку рамото, па треба да се испроба дали каишит е се доволно долги, но и удобни, да не го сечат голото рамо, ако се носи со блуза или фустан на тенки бретели. Изборот на материјал е речиси неограничен, а најубави се оние од памучен материјал или лен, со весели бои или смели шари.
ТОРБА ОД СЛАМА: Романтична, во облик на трапез, со долги рачки, оваа чанта не излегува од мода од 60-тите години на минатиот век. Има безброј варијации, маже да се украси со марама или со цвеќе. Многу се интересни и оние од обоена слама, или комбинирани со текстил. Роднини на торбата од слама се оние плетени од коноп и плетени од дебел конец.
ТОРБА ОД ПЛАСТИКА: Добро дизајнирана, торбата направена од пластичен материјал може, исто така, да биде шик моден детаљ. Многу се популарни моделите сошиени од мушама со весел дезен со камчиња, овошје, морски ѕвезди. Леско се одржува, не ѝ пречи дожд. Ако е во облик на ранец и се носи на грбот, пожелно е делот кој е до грбот да биде од фротир, поради триењето и потењето.
Летото е, всушност, единствено годишно време кога секоја жена може да понесе торба каква ќе посака, да ја пушти фантазијата и при тоа да изгледа убаво. Единствено не се препорачуваат тешки, темни и големи кожни чанти со класичен облик, кои треба да се остават за некое друго годишно време и прилика.
Оној кој заминува на пат и малку му е една торба, а место во куферот за повеќе нема, треба да се одлучи за онаа која е најпрактична. Ако планирате подолги прошетки, не е мудро да се носи со километри плетена корпа во раце, туку треба да се определи за весел летен ранец. Добра особина на платнените торби е што можат убаво да се спакуваат и не заземаат многу простор. Едно од решенијата кои ви го предлагаме и во BETTY во рубриката Работилница, каде можете да прочитате како за минута да направите торба од марама.
Деловна, дневна, вечерна...
И летната торба може да биде деловна, дневна, вечерна или спортска. Таа се носи на прошетка, на излет, на плажа, во ресторан, на гости, на игралиште со децата. Во зависност од периодот во денот и намената, треба да се избере вистинската. Не е паметно, на пр., да трчате по децата со торба која нема патент и не се затвора, бидејќи ризикувате да изгубите половина од драгоцената содржина. Не е препорачливо да се отиде на деловен состанок со торба од фротир за плажа од која се наѕираат детски лопатчиња за песок. Меѓутоа, дури и кога е во прашање деловен состанок кој бара извесна доза на строгост, торбата треба да биде доволно голема, да не се случи при префрлање на содржината од една во друга, половина од работите да не ги собере. Идеална ситуација би била кога чантата би можела да менува облик и боја, ама бидејќи тоа не е случај, жените и понатаму со причина имаат потреба чантите да ги трупаат со разни дребулии, со вечно чувство дека им треба уште некоја. Денес повеќето жени имаат вистинска колекција, обично поделена на деловна торба, која е како мини-канцеларија и често содржи лаптоп или таблет, вечерна торбичка, која собира само неопходни дребулии, повеќе торби за секој ден и неформални излегувања и пазарење.