Фармацевти
Контакт

<< Назад

100% ПРИРОДНО ЛАДНО (VIRGIN)

август 5, 2015

[vc_column width="1/1"]ЦЕДЕНО МАСЛО ОД КОКОСНовите светски трендови промовираат добро обликувано тело, бронзен тен, но, пред сè, ЗДРАВО ТЕЛО и ЗДРАВ ДУХ. Како да го постигнеме сето тоа, покрај сите работни, семејни обврски и екстремно брзиот живот, во кој сите сме во трка со времето? Читајќи дека 100% природното масло од кокос е добро за готвење, консумирање, најдосетливите го пронајдоа утинскиот пијалак, кој ќе Ве разбуди, освежи, ќе го „разбуди“ Вашиот мозок и ќе го разработи црниот дроб.

За да ги изгубите долго посакуваните 5-6 кг, секое утро подгответе го Вашето утринско кафе на овој начин:
Изматете со маталка за кафе
-1 мало лажиче инстант кафе,
- пола лажиче какао,
- 1 мало лажиче 100% МА СЛО ОД КОКОС и попарете ги со топла комбинација од вода и млеко.
По желба додадете природен засладувач и цимет.

Вака подготвеното кафе ќе ве засити во следните неколку часа и ќе бидете полни со енергија. Тајната на овој прекрасен пијалак се наоѓа во високата концентрација на масти кои го продолжуваат дејството на кофеинот, па покрај ситоста ќе почувствувате и зголемување на енергијата.

Маслото од кокос содржи здрави масти, кои ослободувааат многу побрзо енергија, за разлика од други масти кои се складираат како сало. Над 26 Целзиусови степени маслото од кокос е во течна состојба, и може да се користи како прелив за салати, на кои им дава прекрасен тропски шмек.

Маслото од кокос е исклучиво здрава намирница, содржи лауринска киселина на која ѝ се припишуваат лековитите својства на мајчиното млеко и има антибактериско, антигабично и антивирусно дејство. Со неговата употреба се подобрува функционирањето на целиот организам.

Неговата употреба во готвењето и подготвувањето храна не е повеќе карактеристика само на тропските земји, туку и на западноевропските земји и на сите кои се грижат за своето здравје. Се разликува од некои масла за готвење поради тоа што и на многу високи температури не доаѓа до промена во неговата структура и не се создаваат канцерогени материи. Не само што е здраво, тоа е и фантастична прехранбена намирница со примамлив мирис и вкус.

Тоа е тајната на Индијките за здрава и негувана коса. Маслото од кокос е идеална маска за сува и оштетена коса, која ја потхранува и ѝ дава сјај и живост, како и на сувата и оштетена кожа. Може да се користи за потемнување и за нега на исончана кожа. Докажани се неговите супериорни резултати во борба против целулит, како и против појава на стрии во бременост и намалување на истите.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>