Фармацевти
Контакт

<< Назад

BETTY магазин, февруари 2015

февруари 7, 2015

[vc_column width="1/2"][mk_image src="https://betty.mk//wp-content/uploads/2015/08/Cover-feb.jpg" group="_general" margin_bottom="0" crop="false"][vc_column width="1/2"]

Висар Вишка



Сите улоги ми се при срце



Broj 12, февруари 2015

Би сакал да бидам дел од ист филм со Гери Олдман

Бојана Симоновиќ

Актерот кој сè почесто е дел од успешни странски филмски проекти, а поретко го среќаваме како глуми во Македонија, ексклузивно за BETTY магазин открива детали од професионалниот живот. Висар Вишка, актерот за кој сè повеќе се слуша, за нашите читатели објаснува како тој ги доживува своите улоги и како е да се биде дел од актерската сцена. Доколку отворите на интернет-побарувач ќе видите дека последниот негов проект е сниман во Мароко. Вишка бил дел од тимот кој работел на геополитичката драма White city на режисерот и продуцент Stephen GaghanBETTY: Зад Вашето име се кријат голем број одлични претстави, филмови, серии. Љубителите на театарот Ве познаваат по разни улоги одиграни на театарската сцена, а љубителите на филмовите, пред сè, Ве поврзуваат со словенечкиот филм „Шангај џипси“, во кој ја играте главната улога. Кога Вас ќе Ве запрашаат со кое Ваше актерско остварување првенствено се идентификувате, кој е Вашиот одговор?
Како и секогаш. Секоја улога или остварување е посебна во мојот живот. Сите тие дошле во свое време и во времето кога сум ја работел секоја посебно, во тој момент ми значела многу. Од една страна, по едно сè уште во зародиш научно откритие дека сите живи битија во универзумот сме поврзани или колективна свест како некои ја нарекуваат, секогаш кога сум имал нешто важно да кажам, секогаш кога во душата ми тлее некоја мака или порака што сакам да ја споделам со другите, таа чудесна поврзаност ми дава шанса преку некој карактер од некоја драма или филм да го кажам точно тоа што врие во мене. Се разбира, праќа и улоги кои се тотално спротивни од моите ставови проследени со убави пари и скалила нагоре како тест во моите најтешки моменти, но јас немаше да бидам тоа што сум сега ако потклекнував на секакви тестови. Од друга страна, некогаш некоја помала улога во моментот кога сум ја остварил, во тој момент од мојот живот значела многу повеќе отколку некоја главна улога подоцна. Сите ми се при срце.

BETTY: Филмот „Шангај џипси“ ја доби наградата за најдобро сценарио на престижниот Филмски фестивал во Монтреал, а Вие ја добивте наградата за најдобар актер за улогата во овој филм на Интернационалниот филмски фестивал „Божица на тронот“ во Приштина. Колку овој филм беше предизвик за Вас и колку актерите од Македонија имаат шанси да бидат дел од вакви филмски остварувања?
Да добиеш улога во странски филм каде што Македонија не учествува со никакви пари, во најскап до тој момент филм кој е сниман во Словенија, со актери од цела ни бивша, со актери со кои сум пораснал пред малите екрани, ќе бев пресреќен да добијам каква било улога, особено кога во Македонија не сум податлив за улоги... Во Љубљана јас само се видов со режисерот на кафе на 15 минути додека одев за Виена, ми го даде сценариото и ме замоли на враќање по една недела да застанам да ме снимаат за кастинг. Кога го прочитав сценариото во хотел, реков каква и да е улога а камоли главна, јас сакам да сум дел од оваа прекрасна приказна. Не верувајќи дека би ме зеле мене од Македонија покрај толкава Југославија, па уште за главна улога, не се вратив преку Љубљана, не отидов на тест снимање. После неколку месеци ми се јавија да ме прашаат дали сум подготвен. Можете да замислете колку вреснав среде Партизанска кога ми објаснија дека јас сум ја добил главната улога уште тогаш кога сме пиеле кафе. Тоа чувство сега го надминува или поточно ми се повторува секој пат кога ќе одиме на некој фестивал и на крај на филмот ќе ми пријде некоја филмска икона со солзи во очи да ме гушне.

BETTY: Долг период сте дел од екипата на Македонскиот народен театар, бевте дел од актерската група која ја одигра претставата „Вечната куќа“, со која беше отворен новиот објект на МНТ. Какво е Вашето искуство со досегашните одиграни претстави во новиот објект?
Како што спомнав, во Македонија, како што одат годините јас сè помалку играм. Обично се појавувам во проекти кои или јас ги продуцирам или копродуцирам. Други вредности се порелевантни последниве години. Но, јас сум среќен што има млади колеги и режисери кои не живеат ограничени и заробени во премалата ни држава, туку се стремат пошироко, со кои сме работеле неколку проекти кои шетаат по светот. А и ние заедно. Едвај чекам во новиот МНТ да одиграм една главна улога рамна на тие што ги одиграв во 1999 и 2000 година.

BETTY: Колку Вие лично сте задоволни од статусот на актерите во Македонија? Дали според Вас може да се има удобен живот и привилегии ако сте дел од актерската сцена?
Актерите се најмалку платена фела во Македонија. И, се разбира, ќе си речете па многу фели не се добро платени и ќе се споредите. Еве јас ќе ви споредам. Земете ги 100-те најуспешни од секоја фела со завршен факултет. 100-те најуспешни економисти, 100-те најуспешни адвокати, инженери, лекари!...и споредете ги, не со 100-те најуспешни актери, туку со десетте најуспешни! Десетте најуспешни актери во Македонија едвај преживуваат, а камоли да создадат нешто и нивните деца да почнат од едно скалило погоре од нивните родители. Додека другите најуспешни од своите фели можат да си дозволат многу луксузи. Пак ви велам, збориме за најуспешните кои со години макотрпно работеле да стигнат таму каде што се во своите професии.

BETTY: Колку публиката во Македонија покажува интерес за
посета на театарски претстави? Споредбено со Вашите искуства од странство, колку кај нас се почитува театарската култура?
Во однос на тоа што нудиме, ние имаме одлична публика. Многу верна која често ни прогледува низ прсти. А не дека не знаат. Следат тие и странски претстави кои доаѓаат на нашите фестивали. Мислам дека треба да сме горди колкава публика имаме, и каква публика имаме. За жал, ова се однесува за само еден дел од Македонија, затоа што другиот дел нема ни театри.

BETTY: Каде повеќе се пронаоѓате, на штиците кои живот значат или на филмското платно?
Толку се различни што не можат да се споредат. Уживам и во магијата на театарот, кога сè е во твоите раце тие час и половина, два, ја гледаш публиката, ја чувствуваш и гледаш дали дише со тебе или ја губиш, додека во филм ги замислуваш сите работи. Во тие секунди на акција за кои си чекал можеби цел ден, мораш да ги споиш сите времиња, сите можни музики и заднини во твојата имагинација и да се надеваш дека режисерот на кого се потпираш ќе ти ја каже вистинската мерка, на крај да направи магија од тој мозаик.

BETTY: Вашиот лик е дел и од рекламни кампањи. Како ги
доживувате со оглед на тоа што се работи за нешто поразлично од толкување на филмска или театарска улога?
Исто е како филмска улога. Многу актери имаат помалку секунди во филм отколку во реклама, па ги знаеме како актери. Улога е, која или ти е предизвик па прифаќаш, или си велиш благодарам, не можам тоа.

BETTY: Бевте дел од актерската екипа на претставата „Животот е сон“. Колку Вие го живеете вашиот сон?
Секојдневно. Со сите кошмарни делови а и убави моменти. Велат ако заспиеш со убави мисли ќе сонуваш убави работи. Навистина упорно се трудам да мислам на убави работи колку и да е тоа тешко во овие околности.

BETTY: Тешко ли е секојдневните обврски од прватниот живот да се стават на страна и секогаш кога има закажана претстава на сцената да бидете потполно нов и друг човек?
Тоа ми е најубавото нешто во мојата професија. Да излезам за момент од секојдневието, од бирократијата, од глупостите и да се внурнам во друг свет. Некогаш, пак, тој товар од секојдневието, товарот од тој ден го исфрлаш преку карактерот кој го оживуваш на сцена, и по претстава се чувствуваш исчистен. Па тоа е истата причина и зошто луѓето доаѓаат на претстава. Катарза не е измислен и филозофски поим, туку реална душевна појава за време на претстава.

BETTY: Што е најголем предизвик за Вас на професионален план, кон што се стремите, дали можеби Холивуд е на Вашиот список?
Ние може само да се стремиме, а плановите ги крои некој друг. Мене ми е важно да живеам за мојата уметност и да живеам од таа уметност. Каде тоа ме носи... Засега сум задоволен што видов многу земји и луѓе и цивилизации преку работа, работејќи го тоа што најмногу сакам.

BETTY: Од што ја црпите енергијата и креативноста со оглед на тоа што работите една од професиите кои бараат голема иновативност?
Од потребата да се работи и преживува и да створам подобри услови сега веќе за мојот син. Потребата е мајка на иновацијата, нели.

BETTY: Постои ли некој актер од светската сцена на кој се
воодушевувате и би сакале да бидете дел од ист филм?
Сега скоро бев на гала вечера со Гери Олдман со кого разменивме неколку муабети, му подарив ДВД од мојот филм и му кажав дека навистина е мојот најомилен актер и се надевам некој ден ќе ја имам таа среќа да иг рам со него и да уживам во таа игр а. Се надевам скоро ќе се случи и тоа.

BETTY: Што може да очекуваме следно од Вас на професионален план?
Станав суеверен од многу нереализирани убави филмови и улоги во многу јаки серии и филмови со оскаровски режисери кои не се случија, затоа што во последен момент или режисерот се откажал, или некој друг се повлекол...така што не зборувам веќе додека не бидне. Дури и за тоа што биднало веќе, сум потпишал договор според кој не смеам ништо да откријам до премиера, или кога ќе почнат со трејлери
и реклами. Само здравје и нерви, и иншалах.

BETTY: Колку вашата професија Ви дозволува да се храните здраво и да живеете здраво?
Не ви треба многу да се хр аните здраво. Тоа е начин на размислување, здравата храна е повеќе присутна од нездравата. Тоа е избор. А за здраво живеење, тоа е веќе поопширна тема, тема која веќе ја допревме и пред малку, во другите теми на кои зборувавме.

BETTY: Како Вие се грижите за Вашето здравје, кои се Вашите ритуали?
Морав да се навикнам дека пред у тринско кафе и цигара мора нешто да се стави во стомакот, така што веќе неколку години прво што правам додека се прави кафето, јадам банана. Инаку, многу сакам да готвам дома, здраво. Тоа најмногу ми фали кога со месеци сум надвор некаде по хотели. Колку и да се убави и со пет ѕвезди, мене ми фали кујна и сам да зготвам нешто. А за физичка подготвеност, многу сум среќен кога подготвуваме претстава или се подготвувам за филм затоа што тогаш и физички сум поактивен, инаку сум во хоризонтала пред телевизор и гледам серии и филмови. Се разбира, откако малиот добро ме истоштил и легнал да спие. Но, најважно од сè е психичкото и душевното здравје. Стресовите се главниот извор на сите болести. Така што таа хигиена е исто толку важна како и тоа што внесуваме при јадење.[mk_image src="https://betty.mk//wp-content/uploads/2015/02/App_MK_cover_feb_2015.jpg" image_size="full"]

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>