Фармацевти
Контакт

<< Назад

Споменик на зајакот

август 25, 2015

[vc_column width="1/1"]

Во Русија зајаците се чести јунаци во преданија и бајки, а една легенда вели дека во 1825 година еден зајак му го спасил животот на славниот Пушкин. Цензурата на тоа време ја сметала неговата поезија за недолична, па рускиот цар го протерал во прогонство на семејниот имот Михајловско, оддалечен од Петерсбург околу 300 км. Таму се досадувал, па во 1825 година одлучил да избега во престолнината. Но, додека јурел со кочиите, на патот му истрчал зајак, а коњите застанале. Во Русија важи старото суеверие, слично на она кое се поврзува со црни мачки. Имено, ако зајак ви претрча преку патот, не треба да одите понатаму, па Пушкин се вратил поради „лошиот знак“. Се смета дека овој настан го спасил славниот писател да не им се придружи на припадниците на декабристите, со кои царот жестоко се пресметал. Затоа, љубителите на Пушкин одлучиле на раскрсницата во Михајловско да му подигнат споменик на зајакот. Па се развил и обичај на носење живи зајаци и оставање моркови и зелки покрај споменикот. За Пушкиновиот зајак пишувал и Данило Хармс.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>