Фармацевти
Контакт

<< Назад

ДУЊА

август 25, 2015

[vc_column width="1/1"]

За поубава кожа и помалку стрес

Cydonia oblonga Mill (Rosaceae) – дуња

проф. д-р Радиша Јанчиќ

Дуњата е симбол на љубов и плодност, посветена е на Афродита или на Венера. Се претпоставува дека „јаболкото на раздорот“ кое го доделил Парис на најубавата од трите преубави богињи (Хера, Атина и Афродита) била, всушност, дуњата. Дуњата е одгледувана во Вавилон пред 4 000 години; во Египет, на Крит, за неа знаеле во античка Грција, Рим. Името Дуња се дава на девојчиња симболично, да биде убава и мирисна како што е овошјето дуња. Девојките, ако сакаат момчињата да ги сакаат, треба со мед да намачкаат лист од дуња и да го носат со себе.

Научното име на родот Cydonia потекнува од името на градот Kydonia (современа Ханија) на северозапад на Крит. Дуњата е листопаден жбун или ниско дрво. Листовите се прости, наизменични, јајцевидни, со цел раб, лицето е темнозелено, опачината бела, влакнеста. Цветовите се поединечни, бели или белоцрвени, широки 4-5 см, мирисни. Листовите од чашката остануваат на плодот. Плодот е во облик на круша (pomum), зелен, влакнест, додека како зрел е гол и жолт. Има пријатен вкус и мирис. Дуњата цвета од април до мај. Плодот е зрел околу половината на октомври.

На дуњата најмногу ѝ одговараат релативно влажни земјишта, во долина на реки, на плодните алувиуми. Може да поднесе и суша, кај нас во појасот на дабови. Отпорна е на ниски температури. Самоникната е во централна Азија, од Иран до Туркменистан. Се одгледува во Европа, сè до Норвешка на север, потоа во Северна и Јужна Америка, северна и јужна Африка, Австралија, Индија, Кина и Јапонија.

Од дуњата се користи плодот, семето, поретко листот и дрвото. Плодовите се јадат, свежи, печени, исушени, подготвени како мармалад, компот, слатко. Семето и листот содржат доста слуз, некогаш се користеле како лаксатив, денес, за изработка на мацерати кои содржат слуз (mucilaginosum) и како емулгатор.

Семето (Cydoniae semen) е темноцрвено, тврдо, кога ќе се потпи во вода станува слузаво. Вкусот на семето е слузав, а кога се џвака, се чувствува слаб вкус и мирис на горчливи бадеми. Се употребува за изработка на емулзии и микстури против кашлица, како вода за облоги, против изгореници, како лосион во козметиката и во индустријата.

Дрвото од дуња малку се употребува, тврдо е, светложолто или црвеникаво, добро се полира. Со варење на плодовите од дуња со мед се добива мармалад. Ова е специјалитет од Грција, го прифатиле во стариот Рим, а Португалците го нарекле „мармело“ според грчкиот мелимелон – меден плод.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>