Фармацевти
Контакт

<< Назад

Воспаление на jаjчниците

август 25, 2015

[vc_column width="1/1"]

Наjзагрозен и се жените во репродуктивниот период

д-р Маргарита Бранкова
акушер-гинеколог, Софија

Основен симптом е болката, која се разликува од болката во тек на циклусот, овулацијата или настинката. Болката е силна, најчесто од двете страни и може да стане неподнослива. Мокрењето станува болно, се создаваат гасови и запек, а во некои случаи болката се шири и во пределот на грбот. Доколку веднаш не се лекува, може да доведе до многу сериозни последици

Воспалението на јајчниците ретко се појавува само. Предизвикано е од инфекција во организмот од различно потекло (стрептококи, стафилококи, ешерихија коли, туберкулоза и др.), како и под влијание на различни фактори: пад на имунитетот, стрес, хипотермија, менструални пореметувања, чести сексуални односи. Најзагрозени се жените во репродуктивниот период.

Што може да предизвика воспаление на јајчниците?
Воспалението на јајчниците можат да го предизвикаат инфекции кои лесно се шират по асцедентен пат, т.е. од вагината, преку грлото на матката, матката, јајцеводот, па сè до јајчниците. Воспалението може да го предизвика и воспалителен процес во близина на јајчниците, како што е воспаление на мочниот меур, тенкото или дебелото црево. Доколку постои такво воспаление, бактериите можат да се шират до јајчниците. Воспалението на јајчниците може да биде предизвикано и од ладното време, поради несоодветно облекување, а во лето можат да го предизвикаат и нагли промени на температурата.

Кои се симптомите на воспаление на јајчниците?
Можат да бидат не само специфични туку и неспецифични. Воспалението може да биде проследено и со периодични болки, но обично носи збрка во лабораториските наоди (податоци за анализа на крвта, урината и др.). Болките обично се многу непријатни, многу јаки и најчесто се двострани, од левата и од десната страна. Тоа е многу силен воспалителен процес.

Како се дијагностицира воспаление на јајчниците?
Не е лесно да се постави дијагноза. Ако постои типична инфекција, тоа овозможува полесно поставување на дијагнозата. Но, ако е изолирана само во таа област, потешко е да се стигне до дијагноза. За дијагнозата помагаат и лабораториски наоди со дополнителни анализи на крвта. Гинеколошкиот преглед е многу важен. Карактеристична промена е зголемување на јајчниците во кои се шири силна болка.

Дали може да дојде до погрешна дијагноза?
Да, може да дојде и до погрешна дијагноза, на пр., кај руптура на фоликулите, руптура на цисти, вонматерична бременост. Може да се погреши. Тоа се состојби на акутна перитонеална иритација.

Во кој облик може да се развие воспалението?
Воспалителниот процес може да биде силен (акутен), со минлива јачина (субакутен), како и хроничен. Кај јајчниците не се исклучени такви хронични податоци за воспаление, ако е зафатен и јајцеводот. Често инфекциите со хламидија се тие кои може да предизвикаат промени во јајцеводот и јајчниците. Овие инфекции имаат водечка улога во тоа, како и трипер, гонореја. Самиот процес може да помине со минлива јачина, да тече побавно и во таа ситуација потешко е да се дојде до дијагноза. Во друг случај, проследено е со силна острина. Силно воспаление најчесто се јавува кај специфични инфекции, како што е гонорејата.

Какво е лекувањето кај различни облици воспаление на јајчниците?
Доколку откриеме од каде доаѓа инфекцијата, можеме да го докажеме и изворот на причинителот. Обично се препишува антибиотик со широк спектар за да се покрие целата флора, и грам-позитивни и грам-негативни, заедно со метронидазол за да се покрие целиот воспалителен процес.

Дали кај воспаление на јајчниците е применлива народната медицина?
Доколку се применува народната медицина, пожелно е да се примени и класично лекување. Кај едно сериозно воспаление на јајчниците народната медицина, сама по себе, не би била доволна, зашто се работи за сериозно заболување.

Дали постојат случаи кај кои е неопходен оперативен зафат?
Да, доколку постојат гнојни процеси. Тогаш е неопходен оперативен зафат, зашто гнојните колекции можат да доведат до типични сепси и до тр агични последици кај пациентките.

Кои се последиците од воспаление на јајчниците?
Најчесто е отежната понатамошната овулација и одвојување на фоликулите, а многу често доаѓа и до зачепување на јајцеводот со појава на хроничен процес, кој води до потешко забременување и стерилитет.

Како можеме да се заштитиме?
И по појавата на најмала инфекција во вагината или на грлото на матката, веднаш треба да се пристапи кон лекување. Доколку некои клинички фактори и забележувања кај пациентката одат кон тоа со инфекција да се зафатени јајцеводот и јајчниците, веднаш треба да се пристапи со сериозно лекување, зашто во спротивно може да дојде до многу сериозни последици. Самолекувањето не е оправдано! Тоа може да доведе до тешки компликации.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>