Фармацевти
Контакт

<< Назад

Алергија на лекови

септември 1, 2015

[vc_column width="1/1"]

Дали сте пречувствителни на некоj лек?

Душан Гољиќ
м-р по фармација

Алергиите на лек најчесто се манифестираат со јадеж, исип или копривна треска, а поретко во вид на отекување на екстремитетите или зголемени лимфни јазли; посилна алергиска реакција може да предизвика спазма на дишните патишта и во тој случај потребно е што побрзо да посетите лекар

Посветена комуникација со пациентот е еден од главните барања на аптекарската дејност. Фармацевтот секојдневно одговара на поставените прашања, за да даде вистински совет или да разреши дилема во врска со терапијата. Ефикасноста на лекувањето зависи од тоа колку пациентот го разбира одговорот и дали ги сфаќа прашањата кои му ги поставува фармацевтот. Меѓутоа, во брзање, чекајќи во ред во аптека, често не посветуваме внимание на прашањата кои ни ги упатуваат. Особено е битно да се посвети внимание кога фармацевтот нè прашува: Дали сте алергичен на некој лек?

Реакција на пречувствителност или алергиска реакција на некоја супстанција претставува дефанзивен одговор на организмот на туѓ агенс. Клетките на имунолошкиот систем можат да препознаат нов молекул во организмот кој потенцијално е штетен и ги активираат одбранбените механизми во ткивата. На овој начин телото се штити од вируси, бактерии или токсини. Лековите претставуваат прочистени хемиски супстанции од туѓо потекло и како такви можат да го активираат имунолошкиот систем. Покренатата верижна реакција може да оштети одделни ткива или целиот организам.

Симптомите на алергија на лек најчесто се манифестираат со јадеж, исип или копривна треска, а поретко во вид на отекување на екстремитетите или зголемени лимфни јазли. Посилна алергиска реакција може да предизвика спазма на дишните патишта и во тој случај потребно е што побрзо да посетите лекар.

Најинтензивната реакција на пречувствителност на лек се нарекува анафилактички шок, кој претставува системска компликација на имунолошкиот одговор. Симптомите се: отекување на јазикот, отежнато дишење, засилено чукање на срцето и потење, што е проследено со екстремен пад на притисокот и гушење. При појава на некои од споменатите симптоми пациентот мора итно да ја посети најблиската амбуланта, бидејќи во спротивно исходот може да биде фатален.

Алергиите се зачестени кај групи лекови како што се: антибиотици (пеницилини, цефалоспорини, третрациклини), сулфонамиди, антиепилептици (фенитоин, карбамазепин), нестероидни антиинфламаторни лекови (ибупрофен, диклофенак, ацетилсалицилна киселина, индометацин, кетопрофен) и инсулини од животинско потекло. Супстанциите од билно и животинско потекло, исто така, имаат алергенски потенцијал, па треба да се посвети внимание при земање препарати на база на прополис, ехинацеа, бршлен и кантарион. Алергијата може да се развие на активна супстанција или на некои од помошните компоненти на готов производ. Секогаш се советува внимание при земање терапија која вклучува некои од силните алергени. Особено внимание да се посвети на децата кои прв пат земаат некој препарат, бидејќи може да дојде до пречувствителност.

Терапијата на поблаги облици на алергиски реакции се спроведува со помош на лекови од групата антихистаминици (лоратадин, деслоратадин, цетиризин, фексофенадин), кои се релативно безбедни и можат да се набават во аптека без рецепт. Лекувањето на поинтензивни кожни манифестации се врши со орална употреба на антихистаминици. Терапијата на алергии кои се проследени со мачнини, конфузии или спазма на бронхиите често бара дополнителна употреба на бронходилататори и кортикостероиди со надзор на лекар.

Секоја личност е единствена на свој начин, па во согласност со тоа и реакцијата на одреден лек ќе биде единствена. Проучувањето на алергиите ни покажува колку правилата во реагирањето на лекот можат да отстапуваат. Потребно е да се развие толеранција и да се работи на поквалитетна комуникација со својот фармацевт, кој трпеливо ќе ни укаже на сите ризици, мерките на внимание и несаканите дејства кои некоја супстанција може да ги предизвика.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>