Фармацевти
Контакт

<< Назад

НАЈСТАР СУПЛЕМЕНТ ВО СВЕТОТ

август 25, 2015

[vc_column width="1/1"]

РИБИНО МАСЛО

Билјана Беочанин

Некогаш рибиното масло се земало со лажичка, што не било многу пријатно, додека денес со леснотија се консумира во облик на различни суплементи, гранули, капсули и сируп, со пријатни вкусови на јагода, портокал и друго овошје, па и децата го сакаат, што е многу важно зашто значајно го подобрува здравјето од најрана возраст до длабока старост

Одамна се знае дека рибиното масло е многу корисно зашто го регулира варењето, ги јакне коските, ги согорува мастите, ги намалува воспалителните процеси и ризиците од срцеви и мозочни удари, го забрзува метаболизмот и го јакне имунитетот, па може да се каже дека е најстар суплемент во светот, кој се земал како
додаток во исхраната и во време кога намирниците биле многу поздрави од денес, а животната околина помалку загадена. Најважна состојка на рибиното масло се омега-3 масните киселини, познати и како добри масти, па докторите со причина препорачуваат користење рибино масло, особено на луѓе кои
немаат услови или навика 2-3 пати неделно да консумираат сина риба. Познато е дека Ескимите, кои секојдневно се хранат со сина риба, воопшто не заболуваат од срцеви болести. Меѓутоа, не мора да бидете болен од срце за да земате рибино масло, зашто тоа се користи и како превенција од кардиоваскуларни проблеми и за цела низа други симптоми и болести.

Остеопороза и стареење: Омега-3 масните киселини влијаат на намалување на симптомите на остеоартритис, помагаат во одржување на густината на коските, природен лек се против воспаление, а на зглобовите им даваат подвижност. Луѓето кои ги болат коските и зглобовите би требало да ги користат суплементите од рибино масло
секојдневно, најдобро со јадење, зашто така се спречува и неговата оксидација. Исто така, рибиното масло ги намалува и симптомите на стареење и е еден од факторите кој го забавува генетскиот часовник. Научниците откриле врска помеѓу нивото на рибино масло во организмот и стапката на намалување на теломерите, односно краевите на хромозомите кои ја сочинуваат нашата ДНК, така што омега-3 масните киселини влијаат на забавување на скратувањето на
теломерите. Колку теломерите се пократки, толку повеќе влијаат на експресија на гените, а резултатот е старење на клетките. На пример, при раѓање имаме теломери долги 10 000 базни парови, а во поодмината старост теломерите имаат 500 базни парови.

Согорување на масти и мускулна маса: Суплементи на база на рибино масло се препорачуваат и во програмите за слабеење, зашто во комбинација со физички вежби влијаат на согорување на мастите, но и ја чуваат мускулната маса. Со секојдневно
земање рибино масло може да се забрза метаболизмот и да се направи телото да согорува повеќе калории, зашто се активира механизмот на согорување на масти а се забавува механизмот за нивно складирање.

Здраво срце: Со досегашните истражувања е утврдено дека омега-3 масните киселини го намалуваат ризикот за срцеви аритмии, го намалуваат нивото на триглицериди во крвта, го намалуваат растот и брзината на настанување на атеросклеротичен крвен тромб и го намалуваат крвниот притисок.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>