Фармацевти
Контакт

<< Назад

Маски за нега на лицето

септември 29, 2015

[vc_column width="1/1"]

Мали тајни на славните жени

Милица Алексиќ

Елена Тројанска го поправала тенот со тоник од вода и оцет, кралицата Елизабета ставала на лицето белка, глумицата Грета Гарбо сирење и мед, а холивудската дива Рита Хејворт користела маска од овесно и пченкарно брашно за кадифен тен

Илјадници години наназад, жените за нега на своето лице, поправање на ситни недостатоци, свежа кожа и здрав тен, користеле маски од овошје, зеленчук, семки, житни растенија, мед, јајца и различни масла. Тој тренд се одржува сè до денес, зашто состојките како тогаш така и сега, биле на дофат на раце, во шпајзот и кујната, евтини, достапни и што е најважно, проверено ефикасни.

Во древна Грција жените користеле мед, маслиново масло и јаболков оцет, кое е силно антибактериско средство, а Елена Тројанска, поради чија фасцинантна убавина се водела Тројанската војна, наводно правела тоник за лице кој подмладува и ја освежува кожата, мешајќи млака вода и оцет во сооднос 1:4 и држејќи секои три до четири дена по пет минути натопено платно на лицето.

Пред 3 000 години, Римјанките ја прехранувале, чистеле и матирале кожата со маска од две лажици згмечен, свеж грашок помешан со млеко за смесата да стане кашеста, држејќи ја на лицето додека не се стврдне. И тогаш, како и денес, маската од лицето се вадела со топла, па со ладна вода, со кружни, масирачки движења. Римјанките, исто така, сакале да користат и бањи со пареа, па кожата пред нанесување на маската била темелно исчистена.

И прочуените владетелки имале свои мали тајни за нега на лицето. Англиската кралица Елизабета од династијата Тјудор имала проблематична кожа, па црвенилото на лицето, акните и воспалението успешно ги ублажувала со маска од белки. Состојките од кујната и шпајзот ги користеле и филмските диви, па глумицата Рита Хејворт за својата негувана, свежа, мат, кадифена кожа можела да ѝ заблагодари на маската од овесна каша, пченично брашно и белка, која ја држела на лицето 20 минути. Преубавата Грета Гарбо мешала три лажици младо сирење со лажица мед и смесата ја нанесувала на чувствителните делови околу очите и усните, бидејќи оваа комбинација може да се употребува и за чувствителна кожа, која ја освежува и храни. После 20 минути, Грета Гарбо смесата од лицето нежно ја вадела со неварено млеко.

КИСЕЛО ТЕСТО: Ако славните жени од минатото умееле да се негуваат со свежи маски од природни состојки, можете и вие! Искористете ги намирниците кои ги имате дома. Ако правите штрудла од кисело тесто, одвојте малку тесто, нанесете го на лицето и држете го половина час, па отстранете го со топла вода. Маската од кисело тесто ја чисти и ја затегнува кожата и многу е популарна во Скандинавија.

ПИРЕ ОД КОМПИРИ: Маската се прави од топол, варен, изгмечен компир, помешан со жолчка и малку млеко. Кога ќе се нанесе на лицето, треба да се покрие со крпа и по 20 минути да се исплакне со вода. Оваа маска ја освежува уморната кожа, ја прави еластична и многу е популарна во САД.

КИСЕЛА ЗЕЛКА: На лицето треба да се стават листови од сочна, кисела зелка, па после 15 минути да се исплакне со ладна вода. Киселата зелка ја храни и освежува кожата и е популарна кај парижанките.

КАША ОД ЛЕНЕНО СЕМЕ: Благотворна е за чувствителна и сува кожа кога е ладно времето, а се прави така што се варат и ладат две лажици ленено семе. По 20 минути се плакне со млака вода. Германките ја сметаат за одлично средство против брчки, бидејќи кожата ја прави мазна.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>