Фармацевти
Контакт

<< Назад

Детоксикација со сурутка и со растенија

септември 29, 2015

[vc_column width="1/1"]

СО ИСХРАНА ПРОТИВ ЗАМАСТЕН ЦРН ДРОБ

Билјана Беочанин

Исхраната треба да се состои од свежо овошје и зеленчук, риба и немасно месо, интегрални житни растенија, мешунки, семки и јаткасти плодови, ладно цедени масла, билни зачини, свежи сокови без шеќер и супи од зеленчук

Замастен црн дроб е хронична метаболна болест, од која страда секој петти возрасен човек. Се јавува како резултат на прекумерно насобирање на масти во црниот дроб, чија причина е здебеленост во 80 насто од случаите. Причини може да бидат и претерано консумирање алкохол, зголемено ниво на холестерол, триглицериди и шеќер, наследни фактори, земање на некои лекови (терапија со кортикостероиди и цитостатици), но и неправилна исхрана.

Замастениот црн дроб во почетна фаза е без симптоми. Дури кога ќе влезе во поодмината фаза, се јавува попуштање на функциите, како што се симптоми на општа слабост, намален апетит и губење на тежина, мачнини, чувство на конфузија и проблеми со концентрација, отоци на стомакот и на нозете, температура, жолтица. Биохемискиот преглед на крвта открива пореметени вредности на ензимите на црниот дроб. Дијагнозата се потврдува со ултразвук, томографија, магнетна резонанца и биопсија на црниот дроб. За замастен црн дроб нема класична терапија, туку се препорачува контрола на телесната тежина, регулирање на пореметувањето на метаболизмот на мастите и урамнотежена исхрана.

Од намирници треба да се избегнуваат нездрави маснотии во вид на преработки од месо, масни сирења, како и кајмак, павлака, маргарин, путер, мајонез, свинска маст, свинско месо, кожата од живина, рафинирани масла, слатки и индустриски грицки, пржени и поховани јадења, рафинирани јаглехидрати (бело брашно, шеќер, бел ориз).

Исхраната треба да се состои од свежо овошје и зеленчук, риба и немасно месо, интегрални житни растенија, мешунки, семки и јаткасти плодови. Треба да се користат ладно цедени масла, растителни зачини, свежи сокови без шеќер и супи од зеленчук.

СУПЛЕМЕНТИ: Во регенерација на црниот дроб можат да помогнат суплементи кои дејствуваат како антиоксиданти, на пр., витамин Ц. За чистење на црниот дроб се користат и растенија, како дива артичока, глуварче, смрека, црна трупка и жолта шипинка. Многу се важни и олигоелементите, како што се омега 3-масни киселини, селен и цинк.

СУРУТКА: Најпознатиот народен лек за лекување на црн дроб е нуспроизвод на ферментација на млекото – сурутка. Сурутката содржи амино киселини, минерали (магнезиум, цинк, кобалт, натриум, фосфор, манган, калиум, бакар, молибден), ензими и витамини, а богата е и со белковини (алфа-лакталбумин, моноглобулин и лактоферин), како и со протеини, па го чува и го регенерира црниот дроб.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>