Фармацевти
Контакт

<< Назад

Кожена jакна

септември 29, 2015

[vc_column width="1/1"]

Мејнстрим на облекување за сите генерации

Марија Јоксимовиќ

Од филмското платно го освои светот, а ја носеле сите, од Марлон Брандо и Џејмс Дин, до Џон Траволта, Шварценегер, Роберт де Ниро и Том Круз, плус рокери и панкери, и музички ѕвезди како Фреди Меркјури и Боб Дилан

Како што „малиот црн фустан“ на модната креаторка Коко Шанел од 1926 година, преку ноќ престанал да биде само тажна тоалета за вдовици и станал незаобиколен дел на секој женски плакар, така и кожените јакни, кои првобитно ги носеле само пилотите и војниците, станале омилено парче облека на армија жени и мажи ширум светот.

Две години по редизајнот на малиот црн фустан од страна на легендарната Коко Шанел, Ирвин Скот дизајнирал мала, мотористичка, кожена јакна, „да не му биде ладно“ и ја нарекол The Perfecto, според своите омилени цигари. Брендот Perfecto
многу брзо станал и останал мегахит, за што придонело и тоа што оваа јакна ја носеле многу славни личности, како Марлон Брандо, пионерите во панкрокот Рамонес, и модниот дизајнер Жан Пол Готје.

Бунтовник без причина
Популарноста на кожената јакна нема многу врска со фактот дека луѓето од прачовек па понатаму се облекувале во практична и трајна кожа, но има врска со музичката и филмската индустрија, уште од 50-тите години од минатиот век.

Имено, тогаш Марлон Брандо во филмот Трамвајот наречен желба, облекол кожена јакна, а потоа стилот го повторил во филмот На доковите на Њујорк. Публиката веднаш го препознала доброто парче облека и полудела по него, па кожената јакна станала и симбол на „bad boy” имиџот, заштитен знак на разни супкултурни групации и фанови на Џејмс Дин, кој во филмот Бунтовник без причина носел еден совршен примерок во црвена боја.

Кожената јакна е и мотористичка униформа на Ангелите на пеколот (Hell's Angels), но кон крајот на 20 век дефинитивно ја прифаќаат и „фините деца“, па станува мејнстрим на облекување за сите генераци. За тоа сигурно придонел и заводливиот Џон Траволта како Дани Зуко во легендарниот мјузикл Брилијантин. Зуко на филмското платно предводи екипа на другари облечени во црни кожени јакни, но се вљубува во убавата Санди Олосон (ја игра Оливија Њутн Џон), која припаѓа на „дамите во розово“ и се облекува во розово. Поради љубовта кон Дани, таа радикално ја менува облеката, што е и заплет на филмот, а ја следат милиони девојки.

„Холивудската мода“ и страст на стилистите за кожените јакни во кои ги облекуваат главните јунаци на блокбастерите ја потврдуваат и филмовите Боречки клуб (Fight Club), сатирична црна комедија со Бред Пит и Едвард Нортон, сите продолженија на Терминатор и, се разбира, Матрикс. Всушност, листата на филмски протагонисти во кожени јакни е доста долга. На неа се наоѓа и Стив Меквин во филмот Големо бегство, во кој носи пилотска кожена јакна, Роберт де Ниро во филмот на Скорсезе Таксист, Том Круз во филмот Топ Ган, Брус Вилис
во Евтини приказни (јакна од еленска кожа). И Еван Мекгрегор ја прослави кожената јакна како бунтовнички симбол во филмот Трејнспотинг, играјќи го неприспособениот херионски зависник Рентон.

Од друга страна, кожени јакни носат и славни музичари, како Ролингстонси и, всушност, се заштитен знак на три музички жанра, рокенрол, панк и метал, па фановите носат кожени јакни за да се идентификуваат со своите идоли. Така, на пр., за Лени Кравиц се зборува дека најверојатно и спие во кожена пижама, бидејќи класичните, струкирани, црни и кафени кожени јакни му се незаобиколен детаљ во секоја модна комбинација. Малку е познато дека фронтменот на групата Квин, Фреди Меркјури, едно време дури и креирал јакни за познати рокерски дуќани во Вест Кенсингтон.

Дека кожените јакни истовремено се и шик и кул, облека која одлично им стои и на мажите и на жените, давајќи им комбинирано чувство на
слобода и гламур, потврдил и Боб Дилан, кој ги носи со децении, како и Мик Џегер, и пејачката Бијонсе, која најмногу сака да ги комбинира со фармерки. Затоа, ако сè уште не сте набавиле свој примерок на кожена јакна, не се двоумете. Колку и да ја платите, ќе ви се исплати, бидејќи станува збор за облека која не излегува од мода, а неверојано е практична за разни ситуации, од патувања, преку јакна за секој ден, до екстравагантна варијанта ако ја искомбинирате со облека од тантела и свила.

Јакните на Битлси од филмот Help
Во втората половина од 20 век кожената јакна станува статусен симбол, знак за распознавање на различни супкултурни струи и неверојатно популарно парче облека, пред сè, благодарение на филмското платно и на ѕвездите како Марлон Брандо, и славните музичари кои ги носеле како заштитен знак. А колкаво влијание на модните стилови и бранови имала кожената јакна, говори и податокот дека еден примерок се наоѓа изложен и во музејот Смитсонијан. Во Музејот на рокенрол во Кливленд е изложена црна кожена јакна на Литл Ричард, американски пејач, кантавтор, музичар и глумец, кој од 1955 до 1957 година снимил големи хитови како Tutti Frutti, Long Tall Sally, Lucille и Good Golly Miss Molly.

Излитени примероци кои ги носеле познатите личности често можат да се најдат и на аукции, како кожени јакни од авангардниот уметник Жан Мишел Баскијат, која минатата година е лицитирана во Њујорк. Јакната од трагично починатиот млад уметник во 27 година, ја продавала аукциската куќа Сван.

Кожените јакни, кои гитаристот Џорџ Харисон и тапанарот Ринго Стар ги носеле во филмот за Битлси Help, снимен во 1965 година, во Алпите, за пет дена, во 2014 година се продадени на лицитација во Ливерпул за 115 000 фунти, иако се проценети на само 20 000 фунти. Јакните од славните музичари ги продавал Ричард Лестер (82), режисер на филмот Help, како и на првиот филм за Битлси A Hard day's Night.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>