Фармацевти
Контакт

<< Назад

АРОНИЈА

септември 29, 2015

[vc_column width="1/1"]

ЛЕКОВИТИ РАСТЕНИЈА И БИЛКИ

Aronia melanocarpa (Michx.) Elliott (Rosaceae) – црна аронија,
сибирска боровинка

проф. д-р Радиша Јанчиќ

Како исклучителен антиоксидант, аронијата го забавува стареењето на организмот, го спречува развојот на хронични болести и го подига имунитетот

Северноамериканските Индијанци од дамнешни времиња ги користеле свежите плодови на аронија најчесто како лек за стомачни тегоби, а чајот од листови од аронија за лекување на рани. Во Источна Европа, Русија (особено во Сибир) произведувале сок и вино. Таму постоеле и програми за одгледување со чија помош се создадени многу продуктивни и квалитетни сорти. Денес во цел свет аронијата се третира како намирница на иднината, бидејќи поседува лековита моќ за човечкиот организам. Се користи сокот добиен од плодови, најдобро ладно цеден, а плодовите може да се јадат свежи или да се сушат, да се замрзнуваат и подготвуваат како џем, мармалад, сируп, ликер, вино, ракија.

Постојат три видови аронија, црна (Aronia melanocarpa), темноцрвена
(Aronia arbutifolia) и виолетова (Aronia prunifolia), но црната се смета за најквалитетна. Црната боја на плодовите потекнува од големата количина на полифеноли, особено антоцијани – познати антиоксиданти (најмногу во царството на растенијата!). Состојките на аронијата можат да помогнат во борба против ракот, болестите на срцето, дијабетес, чир на желудник, болести на црниот дроб, болки во зглобовите, воспаление на окото, алергии, против настинка и грип, како имуномодулатор. Плодовите содржат и многу пектини за кои се верува дека штитат од радијација, а сокот многу поволно дејствува на јакнење на имунитетот и подобрување на крвната слика.

Црната аронија е листопадна грмушка со исправени гранки, висока околу 1 метар. Листовите се спирално распоредени, прости, со обратно јајцевиден облик, темнозелени, во есен пурпурно црвени. Работ на ливчињата е исечен како со пила. Цветовите се ситни, бели, со пет чашични и пет цветни ливчиња, собрани во гроздови како штит. Цвета во мај. Плодот е ситна, црна семка голема околу 8 мм, со непријатен вкус. Зрее од октомври до декември. Природно расте на истокот на Северна Америка, каде е распространета во влажни шуми и мочуришта, а најдобро успева на средно влажни добро исцедени земјишта, на сонце, но и во слаба сенка. Добро поднесува ниски температури.

Инаку, родот е наречен аронија поради сличноста со плодовите на Sorbus aria, а епитетот на видот – melonocarpa, изведен е од особините на плодот (melano црн и carpos плод). Аронијата е пренесена во Сибир и во Источна Европа каде го добила името „сибирска боровинка“ поради сличноста на плодовите со боровинката (Vaccinium myrtilus). Таа сличност само е површна, бидејќи се работи за многу различни видови (припаѓаат на различни фамилии). Интересно е што Русите ова растение го нарекуваат американска црноплода рјабина, значи во Сибир нема асоцијација на боровинка.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>