Фармацевти
Контакт

<< Назад

Крем за лице

октомври 28, 2015

[vc_column width="1/1"]

За различни типови кожа

Милица Алексиќ

Може да се каже дека постојат пет основни типови кожа (и голем број подваријанти). Тоа се нормална, сува, мрсна, комбинирана и чувствителна кожа. За да бидете сигурни кои креми најмногу одговараат на вашето лице, најдобро е да се консултирате со дерматолог, кој ќе го одреди типот на кожа и ќе ви даде најдобри насоки за правилна нега. Треба да се знае и дека кожата се менува, на пр., промената на нивото на хормони во адолесценција, бременоста и менопауза може да влијае на рамнотежата на влажност и резултира со сушење на кожата. Поради послаба функција на лојните и потните жлезди во староста, кожата, исто така, повеќе е склона кон сушење.

Нормална кожа: Кожата не е ни сува ни мрсна, порите се неистакнати, како и капиларите. Карактеристична е за млади. Кремите кои најмногу £ одговараат се лесни, оние кои не се премногу густи.

Сува кожа: Второто име за оваа кожа е дехидрирана кожа, бидејќи £ недостига влага. Проследена е со чувство на затегнатост и склона е кон лупење, пукање и јадеж. Бара посебна нега, не е отпорна на штетни влијанија, а и брчките околу очите и устата побргу се јавуваат. Кремите кои £ одговараат мора да содржат хидратантни активни состојки, а никако иритирачки мириси и бои, бидејќи овој тип на кожа е посклон кон иритација од нормалната кожа. Природните препарати за сува кожа содржат бадемово, кокосово масло и масло од невен.

Мрсна кожа: Ако се будите со мрсно лице, имате проширени пори и ве мачат акни и мозолки, имате мрсна кожа. Треба да се избегнуваат мрсни креми, но и агресивни средства за сушење на лице. Природните креми за мрсна кожа содржат брзовпивачки масла, како масло од лешник, кое е добар емолиенс (ја омекнува кожата) и го регулира лачењето на маснотија. Маслото од лешник добро е за нега на чувствителна кожа склона кон црвенило и акни. Исто така, сончогледовото масло се користи за мрсна, но и за сува и опуштена кожа, и го карактеризираат противвоспалителни својства.

Мешана кожа:  Ако кожата е мрсна во т.н. Т-зона (чело, нос, брада), а образите се суви или нормални, тогаш имате мешана кожа. Овие две зони бараат различна нега, па за Т-зоната треба да се користат лесни креми за мрсна кожа, а за образите оние наменети за сува кожа.

Чувствителна кожа:  Ја карактеризираат алергиски реакции на многу креми, се јавува лупење, црвенило и затегнатост. Треба да се избегнуваат креми со парфеми и да се ориентирате на нежни креми за нега на бебиња и оние правени во аптека. Добри се кремите на база на невен како и со кантарионово масло, но треба да се има предвид дека ова масло е фотосензитивно и после нанесување на лице не треба да се изложувате на сонце.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>