Научниците од американската организација DARPA (Defense Advanced Research Projects Agency), кои ги истражуваат пореметувањата во мозокот, работат на усовршување на имплант за мозок кој би требало да помогне во враќање на сеќавањата кај лицата кои боледуваат од Алцхајмер или деменција. Меѓутоа, нивното откритие предизвикало голема расправа за етичката прифатливост на таквиот имплант. Противниците велат дека таков „имплант за сеќавање“ би можел да влијае на личноста и свеста и тврдат дека „кога се играте со нечиј мозок, се играте со неговиот идентитет“. Заговорниците на проектот сметаат дека овој имплант би го подобрил квалитетот на живот на многу луѓе кои не се сеќаваат на ништо, дури ни на членовите на семејството, бидејќи „би можел да ги врати тие функции“.
ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР
Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци