Фармацевти
Контакт

<< Назад

Нега на телото инспирирана од природата

октомври 28, 2015

[vc_column width="1/1"]Дали некогаш сте виделе или сте пробале козметика на база на козјо млеко? Дали можеби некаде сте прочитале или сте слушнале какво дејство нуди ваквиот вид на козметика? Ако не сте сигурни и не знаете ништо за тоа, тука сме ние да ве воведеме и да ви кажеме нешто повеќе за овој вид нега на кожата.

Прехранбените и лековитите вредности на млекото му се познати на човекот уште од памтивек. Разни митови и легенди низ историјата на човештвото зборуваат за благодетите на белото злато, односно млекото. Кравјото млеко и ден-денес има примарна улога во исхраната на децата и возрасните, но дека козјото млеко е лековито знаеле одамна уште античките Грци. Со козјото млеко лекувале воспаление на бели дробови, туберкулоза, ревматски, дишни и други болести. Козјото млеко се препорачува да се употребува за јакнење на имунитетот, во борбата против стресот, за исхрана на бебињата по доењето, бидејќи не предизвикува алергиски реакции и е побогато и похранливо од кравјото млеко.

Протеините од козјо млеко се збир од неопходни хранливи макрокомпоненти кои содржат млечни протеини, есенцијални аминокиселини, јаглехидрати, витамини А, D, B2, B6, B12 и калциум.

Според една легенда, врховниот бог на грчката митологија, Зевс, го израснала нимфата Мелиса хранејќи го токму со козјо млеко. Старите Грци со козјото млеко се лекувале, додека, пак, старите Египќани во него препознале потенцијал за зачувување на убавината. Дури и самата Клеопатра се капела во козјо млеко, така што нејзината убавина се должела на козјото млеко.

Токму за ваква убавина  треба да ја негуваме кожата со внимателно избрана козметика. Како резултат на употреба на козметика на база на козјо млеко добивате младешки изглед и лице кое не ги открива годините. Линијата на козметички производи на база на козјо млеко ја стимулира синтезата на структурните елементи на кожата, ја подобрува структурата на кожата и ги измазнува брчките, ја зголемува еластичноста на кожата, ја штити кожата од штетното дејство на слободните радикали, го пролонгира стареењето на кожата, негува и совршено ја навлажнува кожата.

Вам ви останува да пробате од производите и пријатно да се изненадите од благодетите на козјото млеко. Се надевам ќе бидете задоволни.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>