Фармацевти
Контакт

<< Назад

Зачини

октомври 28, 2015

[vc_column width="1/1"]

Подобар вкус и подобро здравје

Лејла Беговиќ

И мали количини зачини се многу здрави: босилекот помага при варење на храната и заболување на бубрези, целерот го намалува крвниот притисок, лукот го чисти организмот, кимот го отстранува лошиот здив, лаворот ги регулира менструалните тегоби, сусамот дејствува противвоспалително, шафранот ги смирува болките...

Некогаш зачините биле скапи како злато, поради нив се воделе војни, а легендарните истражувачи и светски патници ги праќале на далечни патувања. За нив има напишано безброј книги, а една од најинтересните е „Зачини – Историја на едно искушение“, за која New Scientist вели: „Вистинско уживање од книга, напишано со знаење, стилски и духовито“. Во ова исклучително дело Тарнер го истражува периодот од антиката до ренесансата, кога зачините, на кои денес гледаме како обичен додаток на исхраната, се мереле со злато и крв. „Зачините им давале пивкост на киселите средновековни вина и служеле како афродизијак за првата брачна ноќ. Биле неопходни во готвењето, медицината, богослужењето и умеењето во љубовта, се верувало дека имаат волшебна моќ, а биле толку драгоцени што често се чувале заклучени“, вели Тарнер, кој пишува за зачудувачко големото влијание на зачините врз човековите желби и постапки.

Денес, кога зачините и зачинските билки веќе не се толку скапи и ги има секое домаќинство, тешко е да се замисли вистинско гастрономско доживување без нив. Меѓутоа, треба да се знаат некои основни правила. На пр., кога ги купувате  секогаш помирисајте ги, колку се посвежи толку мирисот им е појак. Чувајте ги во добро затворени садови, на суво, темно и ладно место. Правилото вели целите зачини да се чуваат до една година (на пр., стапчиња цимет), а мелените до 6 месеци. Зачините можете и сами да ги сушите (лавор, оригано, рузмарин, мајчина душица), да ги замрзнувате (магдонос, болисек) и да ги одгледувате.

Постојат разни класификации на зачините, но најосновната поделба е на лути, мирисни и оние кои додаваат боја. Лутите зачини го стимулираат непцето и поттикнуваат потење, а најпознати се чили, феферони и бибер. Мирисните зачини даваат мирис и вкус на солени и благи јадења (кардамон, мускатно оревче и др.). Од зачините кои додаваат боја најпознати и најскапи се шафран (со минимална количина јадењето станува прекрасно жолто). Зачините се и многу здрави. Морачот го поттикнува варењето, мајчината душица го јакне имунитетот, ѓумбирот ја поттикнува циркулацијата, циметот е добар извор на манган, железо и калциум, а рузмаринот има и калиум. Лутите пиперчиња содржат витамин А, бета-каротин, лутеин и капсаицин кој дејствува и како аналгетик. Генерално, зачините имаат моќни антиоксидативни својства, го забавуваат стареењето и се корисна  превенција против канцер, кардиоваскуларни болести и многу тегоби.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>