Фармацевти
Контакт

<< Назад

Напнатост, нервоза и несоница

октомври 28, 2015

[vc_column width="1/1"]

Природни, ефикасни и безбедни решенија

Душан Гољиќ
м-р по фармација

Диететски суплементи се природни препарати безбедни за долгогодишна употреба бидејќи не развиваат зависност, а обично содржат сув екстракт од растение, или се ефикасна комбинација од различни природни состојки во облик на чаеви, капки, капсули или таблети за сите облици на напнатост, нервоза или несоница

Почнувајќи од утринското брзање, па сè до вечерната релаксација, животот може да ни ги обои деновите со стрес. Стресните ситуации, во зависност од интензитетот и зачестеноста, можат да остават помали или поголеми последици на нашето психофизичко здравје. Внатрешен немир, несоница, нервоза или напнатост, денес на многумина им се дневни сопатници. Вообичаено е на некои од овие симптоми сè повеќе пациенти да му се жалат на аптекарот. Во мноштвото брзи решенија кои ни ги нудат медиумите, потребно е да се застане и да се слушне совет од фармацевтот за тоа кои природни, ефикасни и безбедни решенија ни ги нуди за решение на нашите проблеми.


Стравот, грижата и вознемиреноста се сосема нормални човечки чувства. Меѓутоа, доколку сме изложени на стрес во текот на подолг период и овие чувства преовладуваат, тоа може да остави и подлабока трага на нашето ментално и физичко здравје. Се јавуваат симптоми како што се напнатост, често придружена со хроничен умор и несоница. Дополнително, можна е и нервоза во контакт со средината.

Промените на расположението, доколку опстанат, можат да напредуваат во потешка клиничка состојба, како што се депресија или генерализирано анксиозно пореметување.

За жал, присуство на некои од споменатите симптоми кај поголемиот дел од возрасните лица не е реткост. Бројните обврски и сè побрзото темпо на живот, во кој се трудиме да дадеме сè од себе, нè доведуваат во фаза на константна исцрпеност и доколку на време не пронајдеме решение, со тек на време може да се промени во некоја од сериозните психички состојби. Светската здравствена организација (СЗО) проценува дека дури 16,6% од популацијата има симптоми на генерализирано анксиозно пореметување, додека 22% од луѓето во одреден период од животот страдаат од несоница.

Решенија за споменатите симптоми наоѓаме во домените на психологијата, психијатријата и психотерапијата. Фармакологијата, исто така, нуди решенија за олеснување на симптомите, но, секако, не и за решавање на причините за проблемот. Меѓутоа, голем процент на луѓе во некој момент од својот живот, сепак, користат седативи. Најмногу се користат лекови од групата бензодиазепин и тоа во помали дози преку ден за намалување на анксиозноста, а во поголеми дози навечер за побрзо заспивање.

Од друга страна, природата ни нуди лековита алтернатива за споменатите симптоми и тегоби. Природните препарати имаат клинички потврдена ефикасност, а притоа не развиваат зависност, тие се побезбедни и поефикасни за долгогодишна употреба.

Растителни  суплементи
Диететските суплементи, кои можеме да ги набавиме во аптеките без рецепт, обично содржат сув екстракт од некои растенија или, пак, можат да бидат комбинација од различни природни состојки. Ги наоѓаме во вид на чаеви, капки, капсули или таблети и  употребата им е индицирана кај сите облици на напнатост, нервоза или несоница. Потребно е да се споменат главните природни суровини, кои самостојно или во меѓусебна комбинација можеме да ги користиме како лек.

Валеријана (Valeriana Officinalis) е растение кое е широко користено како јак седатив и анксиолитик. Успешно се користи во терапија на инсомнија, со оглед на тоа дека го забрзува заспивањето и ја намалува фреквенцијата на будење во текот на ноќта.

Хмељ (Humulus Lupulus) одамна е познат како благ анксиолитик, а се користат женските цветови. На љубителите на пиво им е добро познато смирувачкото дејство на екстрактот на хмељ. Поради присуство на фитостерол, препаратите од хмељ треба да ги избегнуваат трудници и деца под 2 години.

Пасифлора (Passiflora Incarnata) се користи како седатив кај несоница предизвикана од преголема грижа, психичка или физичка исцрпеност. Одличен седатив со голема тераписка ширина, па може да го користат и деца.

Калифорниски афион (Eschscholzia Californica) се користи како растителен седатив и аналгетик за терапија при несоница,  нервоза или хронична анксиозност настаната како последица од болни состојби. Се користи пред спиење, релативно брзо предизвикува состојба на сон и го подобрува неговиот квалитет.

Камилица (Matricaria chamomilla), маточина (Melissa officinalis) и нане (Mentha piperita) поради своето лесно смирувачко дејство се во широка примена. Најмногу се користат во вид на чајни мешавини, иако можат да бидат и помошни компоненти во комбинирани фитопрепарати. Овие растенија  имаат противвоспалително и спазмолитично дејство, па се погодни кај нервози проследени со напнатост на внатрешните органи.

Кантарион (Hypericum perforatum) е растение кое многу се користи во традиционалната медицина. Меѓутоа, дејствува како антидепресив, ја подобрува будноста и го подобрува расположението. Употребата на кантарион при напнатост, нервоза и несоница е контрадицирана.

Лаванда (Lavandula angustifolia) е растение чие етерично масло има смирувачко дејство, ги релаксира периферните нерви и скелетната мускулатура. Се препорачува масажа со масло од лаванда и топла релаксирачка купка збогатена со миризливи есенции.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>