[vc_column width="1/1"]
Катарина Вијатов
Чорапите кои не се повеќе во пар се инспиративен материјал за правење најразлични куклички во домашна режија, кои ќе ги развеселат децата, домашните, но и оние кои ќе ги добијат за подарок, бидејќи се уникатни и обоени со фантазија
Веројатно не постои семејство каде одвреме-навреме некои чорапи не се губат без трага, па наместо да размислувате каде исчезнала белата лева или десната со линии, најдобро е да ги зачувате за посебни моменти на заедничко креативно играње со децата. Од чорапите можат брзо и лесно да се направат најразлични, симпатични куклички.
Ние го користевме следниот материјал и алат: чорапи во разни бои, малку волна за плетење, маркери, конец и игла, ножички, парче стар шал, ориз.
Трупот и главата на кукличките ги правевме така што чорапата ја наполнивме со ориз и ја собравме на врвот. Главата ја обликувавме на телото така што на средина на наполнетите чорапи затегнавме конец. Сето останато е лесно. На главата треба да £ се нацртаат очи и уста, кои можете и да ги извезете или импровизирајте со бисери и копчиња. Превртената чорапа е капа и се става на глава. Под неа може да се гледа коса од волна, ама и не мора. На телото на кукличките можете да додадете мал шал, здолниште, минијатурен џемпер и сè на што ќе се сетите и како ќе се инспирирате.