Фармацевти
Контакт

<< Назад

Тае бо

ноември 23, 2015

[vc_column width="1/1"]

Вежбање со голем интензитет

Игор Тица

Комбинација на контрола, карактеристична за воени вештини, фокус и сила,  карактеристични за бокс и ритам и грациозност, карактеристични за танц

Посебниот облик на аеробно вежбање со име тае бо, што од корејски јазик може да се преведе како „бокс со нога“ (тае е нога, а бо е бокс), но и истовремено и кратенка за Total Awareness Excellent Body Obedience (целосна свесност и контрола на телото), го осмислил пред четвртина век Американецот Били Бленкс (роден 1955), прочуен фитнес гуру, светски шампион во карате, глумец и филантроп, за сите љубители на ритмичните движења во вежбање, комбинирани со интензивен тренинг.

Били Бленкс е роден како четврто дете во семејство со 15 деца, неспретен и со хендикеп во зглобовите на колкот, поради што се движел со тешкотии и ги трпел задевањата на браќата и сестрите. Како одговор на измејувањето, во него се родила волја и желба да биде светски првак во боречки вештини, а кога го видел Брус Ли на ТВ, одговорот на предизвиците го нашол во каратето.

Со долгогодишно напорно вежбање Бланкс го трансформирал своето тело, станал фитнес инструктор и телохранител на филмски диви, а глумел и кикбоксери во филмови и танцувал во музички спотови на Мадона, Квинси Џоунс и Пола Абдул. Кога го отворил фитнес центарот во Лос Анџелес, промовирајќи масовна продукција на ДВД-а со своја програма на вежбање тае бо, во која вградил и елементи на боречки вештини и бокс тренинг, превлекол огромна клиентела меѓу кои имало и многу познати личности. Новото вежбање брзо станало популарно во целиот свет, како меѓу мажите така и меѓу жените.

Тае бо е динамично, уникатно вежбање со висок интензитет, составено од различни движења и чекори преземени од теквондо, карате, бокс, аеробик , но и балет и хип-хоп, кои се одлични за обликување и дефинирање на телесната мускулатура, чувство на рамнотежа, флексибилност, координација, издржливост и снага. На само еден тренинг се согоруваат помеѓу 500 и 800 калории, па многумина се одлучуваат за тренирање тае бо за да ослабат. Меѓутоа, многу е важно пред одлуката да се консултирате со лекар, бидејќи ова е вежбање со голем интензитет. Исто така, треба да се разговара со тренери и да се информирате во тае бо вежбалиштата, дали имаат различни програми, односно и оние со помал интензитет, и инструктори кои ќе ве воведат во оваа атрактивна дисциплина во согласност со препораката од лекар и вашата здравствена состојба и степенот на кондиција.

Били Бланкс има обичај да каже дека тае бо е вистинска комбинација на контрола, карактеристична за воени вештини, фокус и сила кои се карактеристични за бокс и ритам и грациозност карактеристични за танц. Милиони вежбачи во светот тренирајќи тае бо влегле во форма и тврдат дека се „чувствуваат одлично“, бидејќи го зацврстиле телото, ги дефинирале мускулите и добиле дополнителна енергија. Ако мислите дека тоа е вистинско вежбање за вас, консултирајте се со лекар и изберете темпо на вежбање кое вие можете да го контролирате.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>