Фармацевти
Контакт

<< Назад

Престој со болно лице

ноември 23, 2015

[vc_column width="1/1"]

Зголемете го имунитетот и заштитете се

Лејла Беговиќ

Немојте да се женирате да применувате неопходни мерки за заштита од инфекција кога ќе се разболи близок член на семејството, бидејќи вие на болниот сте му потребни здрави и во полна форма за да го негувате, а најлоша работа е кога ќе се разболат сите членови на семејството

Грип или инфлуенца е заразна болест, а од неа годишно се разболуваат околу 10-20 насто од жителите, а за време на епидемија и повеќе. Ако на тоа ги додадете и различните бактериски инфекции, голема е веројатноста дека во сезоната на грип и настинки ќе бидете во ситуација да негувате некого од вашите домашни и ќе бидете директно изложени на инфекција, внимавајќи при тоа и сами да не се разболите, како и да спречите инфекцијата да не се рашири и на другите членови на семејството, особено ако во заедничкото домаќинство имате и хронично болен со кардиоваскуларни и дишни тегоби, асматичар, дијабетичар или старо лице со ослабен имунитет, за кое грипот може да биде фатален.

Ако некако е можно, сместете го болниот во посебна просторија, така ќе му овозможите мир и одмор, но истовремено ќе ја намалите можноста инфекцијата да се прошири и на останатите членови на семејството. Имајте во вид дека вирусот со кашлање и кивање се шири од болниот на останатите, и дека само во една капка се наоѓаат и до милион честички од вирусот. Ако болниот кива и кашла, инсистирајте устата да ја покрива со хартиено марамче, а не со гола рака. Во непосреден контакт, најдобро е да ставите хируршка маска на устата и носот, барем во првите два дена од болеста.

Заразни се и предметите кои болниот ги користи, шолји за чај, чинии, прибор за јадење, па веднаш по употребата тргнете ги и измијте ги. Исто така, многу се заразни и крпите, постелнината, пижамите, облеката, па секојдневно треба да ги менувате.

Додека го негувате болниот, внимавајте да не се исцрпувате премногу, мислете на својата исхрана, јадете овошје и зеленчук, консумирајте доста течности и земајте зголемени дози витамин Ц. Задолжително одморете се и спијте. Ако не можете поради негувањето на болниот да спиете ноќе, следете го неговиот ритам, спијте кога и тој, бидејќи неспиењето го намалува имунитетот.

Една од најбитните работи е често проветрување на сите простории, особено онаа во која болниот престојува, што е добро за вас и за него.

После секој контакт со болниот или предметите кои ги користел, темелно мијте ги рацете со топла вода и сапун, двапати подолго од вообичаено.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>