[vc_column width="1/1"]На вкусната свечена трпеза и на празничните гастрономски специјалитети тешко може да им се одолее, иако најчесто претставуваат вистинска калориска бомба, од која со денови се опоравуваме, добивајќи за кратко време и до 4 килограми, како што вели статистиката
Од неумерено консумирање масна храна и пијалак, грицки, торти и колачи, страдаат црниот дроб, желудникот и панкреасот, протокот на крв се забавува, варењето е лошо, а крвниот притисок расте. Еве неколку совети како кога сте на гости да им одолеете на специјалитетите а да не ги навредите домаќините, односно ако сами подготвувате празнична трпеза, како тоа да го направите на здрав начин.
Пред да отидете на свечена вечера каснете нешто лесно и здраво, како барен зеченчук и јогурт. Ако не сте многу гладни, полесно ќе им одолеете на специјалитетите и ќе јадете поумерено. Она што никако не треба да го правите е на домаќините „да им држите предавање“ за здрава исхрана и да ја расипете атмосферата. Наместо тоа, во чинија ставете си помала количина храна, а јадењата за кои знаете дека не ви годат дискретно избегнувајте ги.
Ако сами подготвувате празнични специјалитети, имајте во вид дека морската риба содржи само 50 мг холестерол. Организмот на возрасен човек сам произведува 2/3 од потребниот холестерол, па за нормално функционирање му се потребни само уште 200 мг кои ги внесува со храна. Заменете ги тешките и масни оброци со морска риба, морски плодови и зеленчук.
Избегнувајте претерана употреба на јајца за разни сосови и преливи. Дневната потреба на возрасен човек е само едно јајце, сè друго е вишок кој организмот го таложи. Онаму каде можете заменете ги јајцата со немасно сирење или јогурт со зачински тревки.
Пијте многу вода, најмалку 2 литри дневно, за полесно да ги исфрлите насобраните токсини и маснотија.
Јадете свежо овошје и земајте суплементи на витамин Ц и Б-комплекс, бидејќи токму тие се губат ако консумирате алкохол или сте под стрес.
Јадете свежа зелена салата, домат и краставици два пати дневно. Помагаат и здрави грицки, како несолен бадем помеѓу оброк, но не повеќе од 12 бадеми.
Доколку можете избгнувајте шеќер и вештачки засладувачи, користете стевија, бидејќи ова растение нема лоши ефекти на нивото на шеќерот во крвта. Колачите нека бидат со суво овошје, јаткасти плодови, какао и црно чоколадо.
Избегнувајте маргарин и воопшто храна со трансмасни киселини, бидејќи ја забавуваат детоксикацијата, дебелеат и тешко се варат. Исто така, избегнувајте храна која содржи вештачки бои, адитиви и конзерванси, како сувомесни производи. Тортата украсете ја со овошје, а ако не можете без цветчиња од шеќер и вештачки бои, нека служат само за украс.
Вклучете ги мешунките во новогодишната трпеза, како прилог на главното јадење, или како салати и чорби, бидејќи се богати со протеини, влакна и сложени јаглехидрати, ги чистат цревата, го стабилизираат шеќерот во крвта и даваат чувство на заситеност.
По богатиот оброк направете пауза од 5 часа и шетајте барем половина час на свеж воздух.
Избегнувајте лоши комбинации на намирници, како што се мусака од компир или шпагети со месо. Десертите консумирајте ги 2 часа по оброкот, бидејќи ако се внесени веднаш по јадењето го попречуваат лачењето на желудочна киселина и варењето.