На американскиот Универзитет Дјук ги истражувале хемикалиите кои ги содржат лаковите за нокти и откриле дека од 3 000 лакови, дури 49 насто го содржат штетниот трифенил фосфат (TPHP), кој им се додава за да бидат подолготрајни и флексибилни. Меѓутоа, TPHP продира во организмот, многу негативно влијае на хормонскиот баланс и може да предизвика низа здравствени проблеми. За време на истражувањето, на сите учесници им е пронајден TPHP во телото. Поради ова организацијата Environmental Working Group покренала петиција со која бара од производителите да престанат со користење на оваа хемикалија и објавила листа на брендови кои ја користат оваа материја штетна по здравјето во своите производи.
ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР
Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци