Фармацевти
Контакт

<< Назад

Валеријана

јануари 4, 2016

[vc_column width="1/1"]

За полесен сон и опуштање на напнатоста

проф. д-р Радиша Јанчиќ
Valeriana officinalis L. (Valerianaceae) – валеријана, мачкина трева

Препаратите на база валеријана се користат против несоница и како средство за смирување

Валеријаната е честа на влажни места, ливади, периферии на шуми. Се одгледува најмногу во Белгија и Холандија. Називот на родот е изведен од латинскиот глагол valere, што значи „да се биде силен, здрав“, а народното име е „мачкина трева“,  затоа што мирисот на листовите и корењата на валеријана необично силно ги привлекува мачките.

На фамилијата £ припаѓаат околу 400 видови, од тој број половина се видови од родот Valeriana. Валеријаните имаат многу различни животни форми, тие можат да бидат зелјести, сукулентни, жбунови со кожести листови. Сепак, најчесто се тоа повеќегодишни зелјести билки.

Valerijana officinalis е повеќегодишно зелјесто растение, високо 25-100 см. Во паренхимот на кората на коренот маслените клетки формираат континуирани слоеви. Подземното стебло е кратко, во облик на валјак. Коренот и ризомот се со својствен, непријатен мирис. Стебленцето е исправено, неразгрането, ребресто. Листовите се непарно наредени во вид на перја, еден наспроти друг Листовите се во со облик на стрела, зашилени. Долните листови се на дршки, влакнести. Средните и горните листови се голи, постепено собрани во кратка дршка. Листовите на врвот се седечки. Цутот е облик на штит. Цветовите се ситни, цветното венче е со црвена до бела боја. Цвета во мај.

Валеријаната е лековито растение од кое се употребува коренот и розомот. Исушениот ризом со коренот од валеријана денес најчесто се добива од одгледувани растенија. Најважни состојки на ризомот и коренот на валеријана се валепотријати и етерично масло. Дрогата и екстрактот имаат седативен и спазмолитички ефект. Препаратите на база на валеријана се користат против несоница и како средство за смирување. На пазарот главно се наоѓаат фитопрепарати од стандардизиран екстракт.

Чајот или алкохолниот екстракт (тинктура) се познати лекови за смирување, опуштање при напнатост и лесен сон. Ефикасни се и нештетни, но валеријаната има непријатен мирис. Лажичка иситнет корен се прелива со врела вода и по ладењето се процедува и се пие неколку пати на ден.

Валеријаната се користи и за подготвување на мириси, особено познат мирис е индиски нард, кој се подготвува од индиски и хималајски видови на овој род. Во Европа од Valeriana celtica, келтска валеријана која расте на Алпите, се прави мирис келтски нард.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>