Фармацевти
Контакт

<< Назад

МОЌТА НА ДИВОТО ОРИГАНО

јануари 4, 2016

[vc_column width="1/1"]

БРОЈ 1 ПРИРОДЕН АНТИБИОТИК

Како да ги победиме болестите на денешницата – респираторните заболувања, упорните уринарни инфекции (E.coli), разни бактериски, вирусни, габични инфекции, паразити, а воедно да не го загрозиме своето здравје, туку да го зајакнеме имунитетот со силен  антиоксидантен ефект?
Одговорот е еден – СО МАСЛО ОД ДИВО ОРИГАНО, ЧАЈ И СПРЕЈОВИ СО ДИВО ОРИГАНО. Неговото дејство е потврдено со голем број студии ширум целиот свет. Големи се и искуствата и позитивните сведочења и во Македонија. Расте бројот на болни, но и на здрави лица за кои маслото од диво оригано е прв избор при каква  било настинка, грип, уринарна или габична инфекција, или, пак, како превенција од истите. Еден од најголемите проблеми на денешницата е проблемот со резистенција на антибиотиците.

Според соопштението на СЗО, Staphylococcus aureus, Pseudomonas aeruginosa и Escherichia coli  се сметаат за бактерии-убијци, бидејќи се резистентни на поголемиот број антибиотици.  Резистентноста како проблем ја посочил и самиот пронаоѓач на пеницилинот, А. Флеминг, кој рекол дека доколку антибиотиците се употребуваат неконтролирано, луѓето ќе станат толку резистентни што ќе умираат од обична гребнатинка.

Слушајќи ги препораките на СЗО за порационална употреба на антибиотици, своето заслужено место во фитотерапијата го добија маслото и чајот  од диво оригано, за кој научно е докажано дека е силен и моќен природен антибиотик, кој дејствува  и на резистентни и мутирани бактерии, а не ја убива природната бактериска микрофлора, потребна за здраво функционирање на дигестивниот тракт и нема несакани дејства и контраиндикации. Од  сите типови масла од диво оригано најефикасно и најделотворно е маслото од типот Origanum minutiflorum поради најголемата содржина на активна компонента карвакрол (и над 95%), кој и во фармакологијата е познат како јак антисептик. Затоа, 100-процентно масло од диво оригано е јак концентрат и при неговата употреба – и за пиење и за мачкање – мора да се разреди. За добивање на 1 литар масло од диво оригано, потребни се 100 килограми сушена билка (набрана на високи надморски височини  – околу 2000 метри надморска висина во природни, не само органски туку и услови каде што ретко стапнува човечка нога).

Докажана е неговата употреба при уринарни инфекции, респираторни заболувања, настинка, грип, кашлица, проблеми со синуси, габични заболувања како и кожни исипи, егземи, уртикарии, акни, атлетско стапало, цревни инфекции, болки во зглобовите. Поради неговите позитивни дејства тоа е неисцрпен извор за истражување и правење на многу клинички студии ширум целиот свет, меѓу кои се и неодамнешните Американски  истражувања во кои се смета дека неговите активни состојки дејствуваат на уништување на клетките на рак на простатата.

За неговото силно дејство говори и фактот дека карвакролот е 21 пат појак од фенолот (кој порано бил употребуван за дезинфекција на хируршки инструменти).

Испитувани и докажани се и анксиолитички, хепатопротективни, хипогликемични ефекти (кај лица со покачена гликемија), антиинфламаторно дејство, против парадентоза.

Маслото од диво оригано може да биде придружено и со чај од диво оригано, кој се одликува со пријатна планинска арома и е вистинско уживање во студените зимски денови. За да се зголеми локално антибактериското дејствување при респираторни заболувања и проблеми со синуси, пожелно е да се употребуваат спрејовите за нос со диво оригано, за најмалите кои сè уште не го дуваат носот, се препорачува користење аспиратор за нос, за темелно вадење на секретот.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>