Во компирот кој ќе отстои премногу, особено на светлина, може да се јават гликоалкалоиди, кои можат да предизвикаат грчеви во стомакот, повраќање, потење, дијареја, главоболка, срцеви аритмии, а во екстремни случаи дури и кома и смрт (3-6 милиграми од оваа супстанција на килограм телесна тежина). Соланинот, токсичен гликоалкалоид од компирот, има функција да го штити растението од натрапници и го има во сите делови. Најголем дел од овој алкалоид се отстранува со лупење на компирот. Со пржење во масло на температура од 170°C соланинот во најголема мера се инактивира, варењето нема речиси никаков резултат, додека термичката обработка во микробранова печка инактивира само мал дел на соланинот. Соланинот е концентриран во изртениот компир, а концентрацијата расте на светлина. Дури и механичко оштетување на компирот при вадење од земја предизвикува драматичен пораст на соланинот. Труењето со соланин се избегнува така што компирот никако не се консумира ако е горчлив, или е зелен под лушпата.
ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР
Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци