Фармацевти
Контакт

<< Назад

Изнемоштеност и недостиг на енергија

февруари 25, 2016

[vc_column width="1/1"]

Пролетен замор или нешто посериозно?

д-р Искра Трајкова, невролог

Доаѓа пролетта, природата се подготвува за нов живот, а ние се чувствуваме максимално исцрпено, без енергија, тонус и добро расположение. Навикнати сме тоа да му го припишуваме на „пролетниот замор“ на крајот на долгата зима. Дали е во ред да се чувствуваме изнемоштено во пролет? Како да знаеме дека тоа не е симптом на друго, сериозно заболување? Како да ја повратиме енергијата и желбата за живот?

Некои стручњаци како причина за пролетниот замор го наведуваат не толку недостигот на витамини, колку промените на временските услови за време на пролетниот ден, кој е сè подолг во однос на кратките зимски денови, како и промена на климата последниве години. Други фактори се недоволна сончева светлина за време на зимата (што доведува до хиповитаминоза и посебно до намалување на нивото на витамин Д и хормонот на среќата – серотонин) и намалена физичка активност за време на студеното време. Меѓутоа, можно е исцрпеноста да е симптом на некое заболување.

Кај кои посериозни заболувања може да се појави симптом – недостиг на енергија?

Заморот може да биде придружен сопатник на заболувања на штитната жлезда, мијастенија гравис, мијастенички синдром, дијабетес и здебеленост, исто така, може да биде знак за почетна вирусна инфекција, како и да укажува на хормонални проблеми.

Кои испитувања е неопходно да се направат за точно да се утврдат причините за заморот?

Како прво, задолжително е да се направи комплетна крвна слика и дополнителни испитувања врз основа на клиничката слика, на пр., хормони, антитела и др. Врз основа на тегобите може да се направи ултразвучно испитување на штитната жлезда, јајчниците и др. При сомнеж за мијастенија или мијастенички синдром, треба да се направи електромиографско испитување (EMG), евентуално скенер.

При присуство на други симптоми кои укажуваат на пореметено ниво на шеќер во крвта, треба да се направи оптоварување со глукоза, да се одреди нивото на шеќер во крвта и концентрација на гликолизираниот хемоглобин. За да се раздвои пролетниот замор од депресија, треба да се консултира психијатар. Постојат и други заболувања кои може да имаат за симптом замор, на пр., анемичен синдром и други заболувања на крвта, бубрежни заболувања, кардиоваскуларни заболувања, белодробни заболувања итн. Бидејќи нема специфични дијагностички тестови за докажување на пролетниот замор, треба да бидат направени испитувања со чија помош ќе бидат исклучени органски заболувања.

Кои се симптомите на вистинскиот пролетен замор?

Симптомите на пролетниот замор вклучуваат замор, депресија, епизоди на зголемена плачливост, раздразливост, пореметувања на концентрацијата, болки во различни делови на телото, пореметувања на сонот, загуба на либидото, намалено ниво на физичка активност, зголемена телесна тежина.

Во што се состои лекувањето?

Во случај да се докаже дека станува збор за органско заболување, лекувањето на симптомите е насочено кон заболувањето. Доколку се однесува на вистински пролетен замор, треба да се земаат мултивитамини, храната да се збогати со овошје и зеленчук, да постои правилен режим на исхрана и сон, и да се внесуваат минимум 1,5-2 литри вода или други течности на ден. Неопходно е да се зголеми физичката активност на отворено, дури само и прошетки во парк. Може да се користат и некои природни производи со докажан тонизирачки ефект, како што се матичен млеч, ѓумбир и женшен.

А кога пролетниот замор е, всушност, пролетна депресија?

Многу често се установува дека пролетниот замор претставува пролетна депресија, која кај некои луѓе се повторува секоја година. Два пати почесто се јавува кај жените. Чувствителни се и луѓето без најблиски и семејство, од пониските социјални слоеви, луѓе без работа, а, исто така, и претставници на некои професионални групи.

Симптомите на пролетна депресија се чувство на изнемоштеност, беспомошност, песимистичко расположение, нарушен сон и апетит, рано будење наутро. Пролетната депресија, како и пролетниот замор, може да бидат поврзани со друго заболување, кај кое, исто така, постои недостиг на воздух, чукање на срцето, благ замор, стегање во градите, вкочанетост на екстремитетите итн.

Кога кај горенаведените испитувања ќе се исклучи пореметување од органска природа, потребно е да се консултирате со психијатар. Како што веќе станува јасно, проблемите од психичка природа водат до органски оштетувања.

Како да го избегнеме пролетниот замор?

Инфекциите, прележани во текот на зимата го слабеат имунолошкиот систем на организмот. За да се зајакне во текот на пролетта, неопходно е да внесуваме витамини А, Е, Ц, Б6, како и минерали цинк, селен, железо.

И покрај зголемената телесна тежина за време на зимата, добро е да се знае дека пролетта не е соодветно време за многу нискокалорични диети, затоа што тие дополнително го слабеат нашиот имунолошки систем. За постигнување на нормална тежина, можеме да го ограничиме внесот на маснотии и шеќер и да ја зголемиме физичката активност која станува сè попријатна со потоплото време.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>