Фармацевти
Контакт

<< Назад

Вежби за рамен стомак

февруари 25, 2016

[vc_column width="1/1"]Игор Тица

Затегнатиот стомак се смета за важен фактор на убавиот изглед, но тој  во исто време е сигурност за добро здравје, до кое се доаѓа со упорно вежбање и исхрана без месни преработки, индустриска храна, слатки, грицки и газирани пијалаци

Тенката половина и цврстиот стомак без масни наслаги е естетски идеал, но и важен фактор на здравје, бидејќи затегнатиот стомак обезбедува поддршка на долниот дел на грбот и ја унапредува стабилнста на телото и целото држење. Абдомоналните (стомачни) мускули, заедно со мускулите на грбот, се одговорни за исправено држење на телото.

Искусните тренери секогаш советуваат дека сериозен тренинг за стомакот се прави два до три пати неделно, најмногу четири пати неделно, бидејќи и на стомачните мускули, како и на сите останати, им е потребен одмор. Меѓутоа, кој не е расположен за сериозен тренинг, може секој ден да прави полесни вежби за зацврстување на стомачните мускули.

Тренинг со тегови: Одлуката да се почне со вежби за рамен стомак обично е поврзана и за промена на начинот на исхрана, како и намален внес на калории. Но, ако ги намалите калориите, треба да знаете дека може да се случи токму тоа мускулно ткиво да биде „искористено“ како гориво, што може да се предупреди со тренинг со тегови, кој ја поттикнува синтезата на протеини, штедејќи го така мускулното ткиво. Вежбите со тегови можете да ги правите и во теретана, но и дома, така што две шишиња ќе наполните со вода, ориз или песок и искористете ги како тегови.

Трчање: За согорување на масните наслаги во пределот на стомакот исклучително е добро трчањето. При трчање работат сите мускули на телото, а организмот дополнително се снабдува со кислород. Ефикасно е и брзото одење, а помага и секојдневна прошетка, со исправено одење, со опуштени раце кои го следат ритамот на одење.

Пливање: Пливањето два пати неделно е корисно за целото тело, па и за стомачните мускули. Пливајте градно, па грбно, зафрлајќи ги рацете над главата и ќе почувствувате како стомакот ви се затега. Пред влегување во базен добро е да се направат неколку гимнастички вежби за истегнување и загревање.

Склекови: Секој ден правете склекови неколку минути, всушност, онолку колку можете, па бројот постепено зголемувајте го. Може да почнете со 6, па зголемувајте го бројот, додека не стигнете до 20.

Класични „стомачни“: Легнете на под, па испружете ги нозете споени една до друга. Вкрстените дланки на рацете ставете ги на тилот или спуштете ги на под, малку раширени. Нека горниот дел на телото и задникот останат на подот, па подигнете ги само нозете во вис, без допирање на подот кога ги спуштате. Оваа вежба треба да се повтори 10-20 пати.

Подигање на колковите: Оваа е малку потешка вежба, но вреди да се обидете. Легнете на грб, па малку подигнете ги испружените нозе, подигајќи ги во исто време и колковите, потпирајќи се на рацете, како за вежбата „свеќа“. Затегнете ги стомачните мускули и подигнете ги колковите 10 сантиметри од подот. Полека спуштајте ги колковите, а потоа и нозете, на под. Правете ја оваа вежба 5-10 пати.

Вежби со вртење и истегнување: Застанете исправено, подигнете ги рацете над главата, па истегнете се, потоа наведнете се и вртете се, односно „ротирајте во половината“. Потоа ставете ги рацете на колковите и повторете го вежбањето. Свиткувањата и ротирањата во половината можат да се прават и со рацете на тилот, со испреплетени прсти. Класичните, лесни гимнастички вежби во исправена положба на телото се добри за затегнување на стомакот.

Вежби на стол: Седнете со исправен грб на стол и раширете ги рацете од телото. Полека вртете го торзото на левата страна, вдишувајќи и издишувајќи воздух. Повторете ги истите движења надесно. Изведете ја оваа вежба 20 пати. Ако ви е тешко да ги држите рацете раширени, ставете ги на колковите, па така вежбајте.

Хулахоп: Вртењето хулахоп не само што е многу корисно, туку е и забавно. Нека не ве обесхрабри ако на почетокот не сте баш највешти. Хулахопот можете да го вртите и со децата, а ако е убав денот и во природа, на чист воздух. Ќе бидете наградени со затегнат и рамен стомак.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>