Фармацевти
Контакт

<< Назад

Проширени вени

март 25, 2016

[vc_column width="1/1"]

Помош од природата

Милица Алексиќ

Глог, гинко билоба, див костен, како и невен, гавез и зелка, се само некои од растенијата кои влијаат на намалување на симптомите на проширени вени, како што се замор, оток на нозете, болка и слаба циркулација

Природата ни нуди многу растенија кои помагаат во лекување проширени вени, сериозна болест која започнува поради оптовареност на крвните садови и слаба циркулација, а ако не се лекува може да доведе до сериозни компликации како тромбоза.

24Гинко билоба: Позната како природен антиоксидант, посебно се препорачува за „пајак“ вени (telangiectasias), бидејќи ја зајакнува церебралната и периферната циркулација. Флавоноидите во составот на гинкото спречуваат таложење на наслаги на ѕидовите на крвните садови, што спречува затнувања.

22Див костен: Есцинот е состојка на дивиот костен (Aesculus hippocastanum), кој благотворно дејствува на намалување на отокот и болката кај проширените вени, зашто ги намалува воспалителните процеси. Генерално штити и против васкуларни оштетувања, зашто овозможува капиларните ѕидови да се помалку шупливи, а и добро штити и од УВ-зрачење. Се намалува задржувањето на течности, па со самото тоа и отекување на нозете и ги олеснува ноќните мускулни грчеви во нозете.

23Глог: За јакнење на крвните садови и подобрување на периферната циркулација благотворен е глогот (Crataegus laevigata), кој во народната медицина и меѓу траварите важи за чувар на здравјето на срцето и артериите. Неговите состојки флавоноиди (керсетин, рутин, витексин и катехини), минерали (калиум, магнезиум и калциум), невротрансмитерот допамин и пурин овозможуваат ширење на вените, го олеснуваат протокот на крвта и ја елиминираат слабата циркулација на крв во нозете.

25Гавез: Гавезот (Symphytum officinale) е благотворен кај сите проблеми со вените и циркулацијата во крвните садови, зашто има моќ да го регенерира ткивото и да ги ублажи воспаленијата. Лековитоста ја даваат етеричните масла, танинот, слузите, холинот и ретката супстанција алантоин, која помага при создавање нови клетки таму каде што постојат рани и повреди.

21Зелка: Свежи и здрави листови од зелка помагаат во третман со проширени вени, го намалуваат отокот и воспалението, како и чувството на пецкање, па се препорачуваат за облоги, со менување на листовите кога ќе свенат.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>