Сопругата на еден сиромашен Индиец се повредила во 1950 година, но на патот до најблиската медицинска установа починала, зашто за да стигне до таму морала да заобиколи планини и да пешачи 50 километри. Девет години по смртта на жената, Дашрата Манџија ги продал козите и со парите купил јаже, чекан и длето и почнал да ја расчистува планината и да копа тунел, за повеќе никогаш никој во неговото село да не почине зашто нема пат. На почеток сите мислеле дека е луд, но по 22 години од неговиот труд, помеѓу селата Галур и местото Гаје, каде што се наоѓала болницата, се простирал прав пат, долг само километар и широк пет метри. Дури и оние кои на почеток му се смееле, подоцна му носеле храна и му купувале алат. Кога умрел, иако во животот исмејуван, индиската држава Бихар му организирала државен погреб.
ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР
Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци